Дојче Телеком го обнови својот бренд слоган: „T – Connecting your world“

dojche-telekom-go-obnovi-svojot-brend-slogan-t-connecting-your-world-01.jpg

  • Новиот слоган има интернационален фокус и корисничка перспектива 

Дојче Телеком го обнови својот бренд слоган, којшто сега гласи: „T – Connecting your world“. Со новиот слоган, Групацијата сака да ја нагласи својата глобална перспектива како еден од водечките играчи во дигиталниот свет, а од друга страна да ги стави желбите и потребите на своите корисници уште повеќе во центарот на својата комуникација. Слоганот ќе придонесе за создавање едно светско унифицирано искуство со брендот и ќе се користи на англиски јазик во сите национални компании.

Како што вели Улрих Кленке, Главен директор за бренд во Дојче Телеком: „На нашиот пат да станеме водечка дигитална телекомуникациска компанија, сакаме да воспоставиме глобално успешен бренд за дигитализација на приватните и деловните корисници. Со нашиот нов слоган, ја нагласуваме нашата цврста определба да бидеме оптимистички и доверлив придружник/партнер на луѓето во времиња на предизвици. Истовремено го потенцираме нашето верување дека сите треба да учествуваат во дигиталниот свет, во одржливи акции и во социјална поврзаност“.

„Connecting your world“ е јасен, едноставен и лесно разирлив слоган и, како што е потврдено со истражувањето на пазарот, соодветен за сите деловни области на Дојче Телеком. Истовремено, тој ја поддржува и целта на Дојче Телеком: „Нема да запреме додека не ги поврземе сите.“. Групацијата сака да овозможи широк пристап до дигиталниот свет за да го направи животот полесен и подобар, како и да ги поврзе луѓето со сè што е важно во нивниот личен и социјален живот.

Една компанија. Еден бренд.

Новиот слоган е последниот елемент со кој Дојче Телеком се фокусира на својата глобална бренд стратегија. Групацијата претходно воведе ново унифицирано лого, а Magenta доби појасна улога во новата структура на брендот. Во иднина, под заштитниот знак ќе биде и портфолиото на производи на меѓународно ниво. Заедно со флуидниот дизајн што Дојче Телеком го воведе уште во 2020 година, сите елементи сега го нагласуваат глобалното присуство на брендот.

Еден од најпознатите и највредните брендови во светот

Дојче Телеком е еден од најпознатите и највредните брендови во светот. Експертите од „Brand Finance Global 500“ ја поставија компанијата на солидното единаесетто место во светот, а на прво место во Европа со значителна предност пред другите. Според студијата, Групацијата се искачи на второто место меѓу светските телекомуникациски компании – зад Verizon и значително пред AT&T и China Mobile. Овој позитивен тренд го потврдија и други истражувања, како што е студијата на BrandZ „Топ 50 највредни германски брендови“, којашто го рангираше Дојче Телеком како водечка германска компанија во светот. Овие резултати го потврдуваат успешниот развој на компанијата и стратегијата за брендот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg