Каков колаген да одбереме? Што препорачуваат експертите?

Веќе одамна е надминато прашањето за потребата од внесување колаген како додаток во исхраната. Она што се поставува како дилема е каков колаген ни е потребен? На пазарот се присутни различни колагенски производи со различна ефикасност и намена, па едни се за кожа, други за коски, трети за рскавица. Доаѓаат од различни производители со различна цена.

kakov-kolagen-da-odbereme-shto-preporachuvaat-ekspertite-01.jpg

Со цел да им помогнеме на своите читатели во изборот, нашата редакција направи мала анализа на пазарот, од аспект на тоа каков тип на колаген е достапен, кои производители, каква е ефикасноста, и како да направиме соодветен избор. Едукацијата е секогаш добредојдена! Во прилог се одговори на најчестите прашања.

Како да откријам кој колаген е за мене?

Кога бараме колаген важно е да знаеме за што сакаме тој да ни помогне. Колагенот тип 1 и 3 се за нега на кожата, а колагенот тип 2 се користи за обновување на 'рскавицата која се наоѓа околу зглобовите. Кога станува збор за зглобовите и тетивите, колагенот тип 2 е „лепилото“ што помага да се одржи телото заедно, корисно за спречување на болки во зглобовите поврзани со возраста или симптоми на артритис. Колагенот е тоа што им дава сила и интегритет на сврзните ткива во нашето тело.

Што да се користи за зглобови?

Дефинитивно колаген тип 2, говедски а го препорачуваме колаген Peptan® Матрикс кој e 100 % колагенски (хидролизиран) пептид без никакви додатоци, и е произведен по француска технологија. Говедски мулти-колагенски комплекс кој со своите наномолекули, брзо и лесно продира до целните ткива: кожата, коските, забите, тетивите, лигаментите, ‘рскавицата, поттикнувајќи го природното производство на колаген во нашиот организам. Mоже да се нарача преку следниов линк

kakov-kolagen-da-odbereme-shto-preporachuvaat-ekspertite-02.jpg

За што друго помага?

Придонесува за одржување на крвните садови, коските, `рскавицата, непцата, кожата и забите. Нуди трансформативно искуство кое оди подалеку од обична, длабинска нега на кожата. Претставува сеопфатно решение за одржување на здравјето на мускулно-скелетниот систем и исто така ја поттикнува убавината на кожата. Научно е потврдено дека Пептан тип 2 хидролизиран колаген тип 2 овозможува повеќекратни здравствени придобивки за зглобовите ако се зема во мала дневна доза.

Колагенот како што често се нарекува и “еликсир на младоста” е клучна компонента одговорна за силата, еластичноста и регенерацијата на различните ткива во човечкото тело. Колагенот е неопходен за нормално функционирање на многу делови од нашето тело. Се наоѓа во цревата, мускулите, коските, кожата, тетивите, па дури и во нашите внатрешни органи. А како што старееме, брзината со која произведуваме колаген се намалува - оттука, почнува да се забележува застарена кожа, брчки и болки во зглобовите. А потребата од негово внесување се наметнува веќе по 20-тата година. Но благодарение на квалитетниот додаток во исхраната колагенот може да се надополни. Да помогне во ублажување на болките во зглобовите, зајакнување на коските и ноктите, да ја зголеми флексибилноста на тетивата и лигаментите, и да ја подобри еластичноста на кожата.

kakov-kolagen-da-odbereme-shto-preporachuvaat-ekspertite-03.jpg

Кога да се користи?

Како превентива веќе по 25-тата година. А ако бараме некој конкретен знак, кога ќе се јави болка во зглобовите, кога лесно се кршат ноктите, кога е кршлива и помалку сјајна косата, кога се појавуваат првите бори на лицето. Симптомите како болки во зглобовите имаат огромно влијание на квалитетот на животот, и неопходно е нешто да се превземе.

Многу движење, здрава исхрана и храна богата со колаген помага да се надокнади недостатокот на овој протеин во организмот. Но тоа некогаш не е доволно, потребен ни е Матрикс колагенот од Арбореал кој е уникатен на пазарот и кој ги содржи двата најважни типа на колаген 1 и 2 неопходни за организмот.

kakov-kolagen-da-odbereme-shto-preporachuvaat-ekspertite-04.jpg

Од друга страна стресот, пушење, алкохол, недостаток на цинк, и витамин Ц, недостаток на сон, УВ зраците, лошата исхрана (многу шеќери, пецива и други производи од бело брашно), недостатокот од антиоксиданси влијаат негативно и придонесуваат кон забрзано губење на колагенот во телото.

Ние одбираме здрави ритуали и секако единствениот колаген!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg