Храбро, разиграно, во боја: dm ја бои оваа есен во шарени бои!

Со доаѓање на есента не престанува шаренилото од бои, нијанси, слободата во нивното комбинирање и храброста во создавање на нов и смел изглед. Напротив, треба да продолжиме уште посмело во нови предизвици, самоуверено и храбро! Главниот фокус оваа есен во dm дрогериите се токму боите и поттикот да се задржи шаренилото со слоганот: ,,Мојот свет останува шарен. Храбро, разиграно, во боја”. Акцентот е на шаренилото од бои, храброста во креирање нов изглед и фокусот на автентичноста која секој од нас ја носи во себе.

hrabro-razigrano-vo-boja-dm-ja-boi-ovaa-esen-vo-shareni-boi-01.jpg

Како дополнително изненадување за да може да ја истакнете вашата убавина, во период од 2.10 до 15.10.2023 односно до истек на залихите, со сметка над 999 мкд за шминки и додатоци за шминкање купени во dm дрогериите, на каса ќе добиете подарок: 3 во 1 четка за шминкање.

Во оваа кампања ќе ве инспирираат: Фросина Ангеловска - @frozi_fran, Миа Арабаџиева - @mia.arabi, Сандра Кирков - @sandra_kirkov и Марија Илиев - @marysejolene. Смелата Фросина, впечатливата Миа, влијателната Сандра, самоуверената Марија, сите посебни и свои ќе ви покажат комбинации од најактуелните бои за оваа есен: viva magenta, silver, gold и red orange, со што dm ги става во фокус смелоста, самодовербата и уникатноста кои лежат во секој од нас.

Најголем дел од трендовите и инспирациите ќе може да ги пронајдете на социјалните мрежи, каде ќе имате можност да се вклучите и вие и да ја покажете вашата креативност во месец октомври. Следете го инста профилот на dm за да ги дознаете сите активности.

Вe очекуваме да ни се придружите и на возбудливиот dm настан што ќе се случи кон крајот на месец октомври, каде ќе имате можност да ги запознаете Фросина, Миа, Сандра и Марија, да ги видите одблизу најактуелните makeup производи, да дегустирате од превкусните и органски dmBio производи, да се забавуваме заедно со DJ, да се фотографираме и дружиме. Ова ќе биде вистинска авантура каде заедно ќе ја истакнеме нашата креативна и смела страна и ќе го направиме светот разнобоен. Вистинско уживање за сите сетила, а за да ги дознаете сите останати детали, следете ги социјалните мрежи на dm!

Ајде да ја ослободиме убавината, да се инспирираме и да бидеме самоуверени во изразување на автентичноста. Шминката е украс на внатрешниот свет, да го изразиме низ боите на есента! Храбро, разиграно, во боја!

Оваа есен светот останува токму таков - шарен, со сите нијанси, како тој внатре, така и тој надвор.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg