Државна лотарија, во целост, во целокупното свое работење ги почитува одредбите на Законот за игрите на среќа

Државна лотарија, како единствен гарант на одговорното и контролирано приредување игри на среќа и општествено одговорно друштво основано од Владата на Република Северна Македонија, заради појаснување на состојбата предизвикана од неосновани и непроверени информации во дел од медиумите, а со цел и да се одговори на бројни прашања од страна на истите, ја известуваме јавноста заради целосно и правилно информирање. 

drzhavna-lotarija-vo-celost-vo-celokupnoto-svoe-rabotenje-gi-pochituva-odredbite-na-zakonot-za-igrite-na-srekja-01.jpg.jpg

Државна лотарија, во целост, во целокупното свое работење ги почитува одредбите на Законот за игрите на среќа и целокупната позитивна законска регулатива, во секој сегмент од своето работење.

Во однос на начинот на приредување интернет игрите на среќа, укажуваме дека во нашата земја, како и во сите други земји со функционална пазарна економија, истото е прашање на законодавната политика на Државата, која одлучува за начинот на приредување на овие видови игри на среќа, без притоа да се наруши или доведе во прашање слободниот пазар, еднаквоста на субјектите на пазарот и слободата на претприемништвото. 

Со оглед на тоа дека правото  за приредување на интернет игрите на среќа е исклучиво право на Република Северна Македонија, и истото го остварува преку Државна лотарија, а тргнувајќи од специфичната дејност којашто, како таква, допира социолошки аспекти коишто се од јавен интерес, неопходно се наметнува потребата да бидат преземени сите потребни мерки и актиности за одговорно играње и контрола, но и заштита на сите учесници во интернет игрите на среќа.

Заради реализација на принципот за одговорно и контролирано приредување на интернет игрите на среќа, во тек е спроведувањето на транспарентна и законски издржана постапка за избор на правни лица заради доделување договор за заедничко вложување во интернет игрите на среќа во коишто доминантно учество со 51 % ќе има Државна лотарија. Во оваа фаза на постапката, којашто се спроведува законски и транспарентно, информираме дека тендерска документација по Јавниот повик подигнале повеќе од 10-ина компании од коишто повеќе од половина се друштва за приредување игри на среќа основани и со седиште во Република Северна Македонија.

Големиот број подигната документација укажува на транспарентно водената постапка со објава на огласот во дневниот печат на македонски и албански јазик, во Службен весник на Република Северна Македонија, како и во меѓународно гласило од областа на игрите на среќа.  Истото укажува и на принципот на конкурентност запазен во целата постапка на начин којшто возможува што повеќе правни лица да учествуваат во истата.

На овој начин, Дражавата, преку Државна лотарија, ја презема контролата над оваа специфична дејност во игрите на среќа – интерент игрите на среќа, со цел заштита на граѓаните од неконтролирано играње на странски платформи а воедно и да спречи да се одливаат средства во странство, наместо да се приходуваат директно во Буџетот на Република Северна Македонија.

Државна лотарија е членка на Европска Асоцијација на лотарии која  работи и по Европски стандарди и ги почитува високите критериуми на одговорно приредување игри на среќа и на Европа и светот. Како државна компанија се залага и за вклучување на сите свои соработници во семејството на Европската Асоцијација, што значи дека се залага и за подигање и на нивните стандарди на работење. Државна лотарија одговорно стои и пред Европската Асоцијација која го потврди нејзиното работење и со сертификат за одговорно приредување игри на среќа.

Не навлегувајќи во изнесените шпекулации и невистини во врска со постапката по објавениот Јавен повик, на овој начин укажуваме на потребата додека постапката е во тек, јавноста да не биде информирана со непроверени и неточни информации односно истите да не се објавуваат без притоа да бидат потврдени од стручните служби на Државна лотарија.

Со оглед на постоењето написи со коишто јавноста може да се доведе во заблуда дека на каков било начин се ограничува правото на учество на домашни и странски лица во постапката за доделување договор за заедничко вложување, укажуваме дека целта и начинот на кој се води целата постапка е поттикнување конкуренција во дејноста на игрите на среќа и сузбивање на монополот со избор на деловни партнери на Државна лотарија за основање на нови друштва за приредување интерент игри на среќа. 

Исто така, оваа пригода ја користиме да ја информираме јавноста дека Државна лотарија, како резултат на транспарентното и професионално планирање и водење на работите од страна на менаџментот на Друштвото, во согласност со пазарните трендови кај нас и во светот, финансиските резултати на Друштвото во 2022 година, во однос на финансиските резутати од претходната година бележат раст од 32 % и кој тренд се очекува да продолжи и во идните години.

Со почит,

Државна лотарија

2.10.2023 година

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg