„Макпетрол“ ја обнови и пушти во употреба бензинската станица во Кавадарци

Современ и функционален изглед, како и исполнување на највисоките технички и безбедносни стандарди, има обновената бензинска станица на „Макпетрол“ во Кавадарци која што е пуштена во употреба. Достапност кон квалитетните производи и услуги потрошувачите имаат 24 часа секој ден во неделата.

makpetrol-ja-obnovi-i-pushti-vo-upotreba-benzinskata-stanica-vo-kavadarci-01.jpg

На обновената бензинска станица во Кавадарци се достапни сите квалитетни ULTRA горива на „Макпетрол“, базирани на технологијата Dual Action Technology, вклучувајќи ги и течниот нафтен гас за возила (ТНГ) и течноста Адблу (Ad Blue). Во продажниот објект има и широк избор на производи од дополнителниот асортиман.

„Макпетрол“ е компанија што постојано се труди да ги задоволи потребите на своите потрошувачи и да им овозможи квалитетно, сигурно и економично снабдување со нафтени деривати, гас и био-горива.

Токму поради тоа, изминатиов период „Макпетрол“, како најголем дистрибутер на горива во земјата, континуирано инвестира во обнова на своите бензински станици, со цел подобрување и осовременување на својата мрежа на услужни објекти.

makpetrol-ja-obnovi-i-pushti-vo-upotreba-benzinskata-stanica-vo-kavadarci-02.JPG

„Макпетрол“ и понатаму ќе продолжи да инвестира во своите капацитети, модернизирајќи ги со најнови технологии, што е дел од посветеноста на компанијата кон задоволување на потребите на потрошувачите и истовремено да овозможи ефикасно снабдување со нафтени деривати и други производи и услуги.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg