5 предности на онлајн шопинг во однос на традиционално купување
- Детали
- среда, 27 септември 2023
Купувачот е секогаш во право и која форма на купување и да ја избере, тој прави вистински избор за себе. Последните трендови укажуваат на фактот дека купувачите сè повеќе преферираат онлајн шопинг. Влезот на големите e-commerce играчи на балканскиот и македонскиот пазар, како Ananas, кој во соседството е спореден со светски доминантниот Amazon, само го потврдува овој став.
Македонија важи за земја во која луѓето сакаат и тежнеат да бидат дел од светските трендови. Токму затоа во моментов имаме голем број на луѓе кои не можат да решат дали трендот на онлајн шопинг е за нив или не. Доколку сте дел од нив, еве ПЕТ причини кои ќе ви помогнат да се одлучите.
1. Заштеда на време
Шопингот е процес кој бара време. Дури и точно да знаете што сакате да купите, треба да отидете до конкретната продавница, да потрошите време чекајќи на каса и да се вратите дома. Во најдобар случај, ќе потрошите половина час - време кое може да го посветите на нешто поубаво и покорисно.
Онлајн шопингот, не само што заштедува време, туку и живци. Голем дел од продавниците се наоѓаат во големите трговски центри. За да стигнете таму, треба да минете низ густиот сообраќај и градските улици, потоа да пешачите низ лавиринтите на трговскиот центар, да пребарувате низ рафтовите, да чекате во редица на каса и да се вратите дома. Звучи како бескрајна агонија.
Купувањето преку компјутер или телефон ја елиминира целата оваа процедура. Го наоѓате производот кој го барате, нарачувате и ја очекувате пратката на адресата која сте ја означиле. Сè на сè - три минути. Онлајн шопингот нуди брз начин на правење нарачки, а со одбирањето на вистинската платформа во пакет доаѓа и експресна достава.
2. Удобност при купувањето
Купувањето на секој производ прво, бара истражување и пронаоѓање на најдобрата опција. Ова подразбира пешачење или возење до различни делови од градот, што е исклучително напорна работа.
Место да минете часови одејќи низ ходниците на трговските центри и барајќи го најдобриот производ, можете да седите во омилената фотелја, да скролате низ онлајн шопинг платформите и да го најдете производот кој е идеален за вас. Отворете лименка пиво или направете вкусно кафе и уживајте во удобноста на онлајн шопингот.
3. Заштеда на пари
Речиси секоја продавница која постои низ градот има трошоци за кирија, плата на вработените и друго. Сите овие нешта ја зголемуваат и цената на производите кои се продаваат, а онлајн продавниците го немаат овој проблем.
Иако не постои компанија која нема трошоци, e-commerce бизнисите сепак имаат помали трошоци од традиционалните продавници. Тие можат да си дозволат пониски цени на своите производи, што е причина зошто многу компании се одлучуваат за пониски цени доколку купите онлајн.
4. Многу поголем избор на производи
На интернет ќе ги најдете сите производи кои постојат на македонскиот пазар. Речиси сите сериозни производители и увозници на светски познатите брендови се присутни преку свои или трети веб страници на онлајн пазарот.
Кога барате одреден производ, може да бидете сигурни дека на интернет ќе најдете далеку повеќе опции со обично пребарување на некој од познатите интернет пребарувачи. Внесете го името на она што го барате и веднаш ќе дознаете на која страница се нуди соодветниот производ.
Ако барате одејќи од една во друга продавница, не само што ќе потрошите многу време, туку никогаш нема да успеете да дознаете кои сè брендови и модели се достапни за продажба, додека обично пребарување на интернет ќе ви ги даде сите опции за секунда.
5. Можност за споредување на производи и носење одлуки без притисок
Колку пати ви се случило да се чувствувате под притисок кога продавачот ќе почне да ве убедува за некој конкретен производ, по што целосно губите желба да го купите? Во онлајн шопингот не постои притисок. Може да минете часови разгледувајќи различни продукти, споредувајќи ги едни со други и дури кога ќе бидете 100% сигурни, да го нарачате конкретниот модел.
Ваквиот начин на одбирање ви нуди сигурност при одлуката. Никој нема да се потруди да ве притисне и натера да купите нешто за коешто не сте сигурни дека ви е потребно. Споредете различни производи од повеќе продавници, погледнете кој нуди подобри услови и нарачајте тогаш кога ќе знаете што е најдобро за вас.