Искуство во Дизниленд Париз: Како Ладна преку својот ликовен конкурс го оствари сонот на децата

Во волшебното царство на Дизниленд Париз, каде што бајките оживуваат, a магијата танцува на секој агол, детските очи светат со чудење и возбуда. За две среќни семејства, ова волшебно кралство стана не само сон, туку и негуван спомен, благодарение на Ладна.

iskustvo-vo-diznilend-pariz-kako-ladna-preku-svojot-likoven-konkurs-go-ostvari-sonot-na-decata-001.jpg

Оваа традиција да се испратат две семејства на пат од соништата е резултат на посветеноста на Ладна за негување на креативноста и здравите навики особено кај најмладите. За децата уметници освојувањето на првото место на ликовниот конкус на тема „Играта на овошјето и на зеленчукот“ беше момент на чиста возбуда. Не се работеше само за победа туку и за прекрасната порака што ја пренесоа уметничките дела на децата за тоа како треба да се храниме здраво и да внимаваме на исхраната и здравјето.

Ова извонредно патување е негување на креативноста и имагинацијата што живеат во секое дете. Најубавото чувство е да се слушне радосната смеа на децата додека тие доживуваат чудни возења, ги запознаваат саканите ликови на Дизни и уживаат во светот на бајката што ги опкружува.

iskustvo-vo-diznilend-pariz-kako-ladna-preku-svojot-likoven-konkurs-go-ostvari-sonot-na-decata-04.jpg

Мајката на детето што го освои првото место во категоријата од 4 до 7 години на детскиот ликовен конкурс на Ладна, ни го раскажува нивното доживување.

“Таиса ја сака играта со моливчето, боичките, четкичките, многу повеќе од куклите и барбиките. Секој момент и секоја емоција ги пренесува на лист хартија или на ѕид. Гледајќи ја нејзината љубов кон цртањето, така малечка, а толку голема, Бог не спои во вистински момент со еден прекрасен човек и уметник кој ја препозна нејзината пасија и од неодамна посетува настава по ликовна уметност во атеље Бојар, и секој следен час со нетрпение го очекува.

iskustvo-vo-diznilend-pariz-kako-ladna-preku-svojot-likoven-konkurs-go-ostvari-sonot-na-decata-02.jpg

Идеjата да учествува во креативното изразување "Играта на овошјето и зеленчукот" беше на професор Бојаров кој ги води кон ова возбудливо патување низ уметноста. Тие се на возраст кога реално и не знааат што значи Дизниленд како дестинација. Растат со цртаните на Walt Disney, но не можеа да претпостават каква магија ги очекува, а и ние родителите не можевме ни да замислиме, иако од многумина сме слушнале.

Париз и Дизниленд се магија сами по себе. Сите зборови се залудни додека не се доживеат! Волшебно! Можам да кажам само дека повозбудени не сме ги виделе.

iskustvo-vo-diznilend-pariz-kako-ladna-preku-svojot-likoven-konkurs-go-ostvari-sonot-na-decata-01.jpg

Нашите деца се 5 и 7 години, доволно големи да ги доживеат сите возбудливи моменти, а доволно мали да сеуште веруваат во бајки. Мики и Мини Маус секако беа главна атракција, но ниту нијанса помалку забавни не беа и "лудиот воз", "волшебниот брод", летањето со цепелин, а завршното шоу беше толку спектакуларно како јаготка на шлагот на целата таа магија. Огромна благодарност до целиот тим на Ладна, кој детските сништа ги претвори во јаве.” – вели возбудено Анита, мајката на Таиса.

iskustvo-vo-diznilend-pariz-kako-ladna-preku-svojot-likoven-konkurs-go-ostvari-sonot-na-decata-07.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg