Претседателот на УО на Шпаркасе Банка - дел од самитот за сина економија

Денеска (четврток, 21.9.2023 г.), во хотел „Панорамика“ во Скопје, се одржа Blue Economy Summit 2023, каде што учествуваше и претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, г. Санел Кустурица.

pretsedatelot-na-uo-na-sparkasse-banka-del-od-samitot-za-sina-ekonomija-01.jpg

Шпаркасе Банка беше златен спонзор на ова второ издание на самитот за одржливост, организиран од Prime Blue Institute со фокус на слатководната сина економија во регионот на Балканот, каде што се дискутираше за глобалните прашања поврзани со зачувувањето на водата и валоризација на слатководните ресурси преку споделување на најдобрите практики и иницирање акции за соработка, а свое обраќање имаа и EУ-амбасадорот во Република Северна Македонија г. Дејвид Гир и министерката за животна средина и просторно планирање г-а Каја Шукова.

pretsedatelot-na-uo-na-sparkasse-banka-del-od-samitot-za-sina-ekonomija-02.jpg

На самитот, г. Санел Кустурица истакна: „Нашата држава е една од 195-те држави што во 2015 година го потпишаа Парискиот климатски договор. Станува збор за глобален пакт за борба против климатските промени, чија цел е значајно да се намалат емисиите на штетни гасови и ограничување на глобалното затоплување. Сите држави што го потпишаа договорот, се обврзаа да создадат долгорочна стратегија како да ги остварат зададените цели. А целите се намалување на штетните гасови за 43% до 2030 година, додека, пак, некои држави беа поамбициозни и дефинираа цел за нулта-нето емисии до 2050 година. Македонија се обврза за првата цел и се направени одредени стратегии и законски решенија, а на некои сè уште се работи. Суштината на тоа што Македонија треба да го направи е да ја подобри енергетската ефикасност, но и да ги реструктурира изворите на производство на електрична енергија, бидејќи, како што знаете, ние сме доста зависни од јагленот. За остварување на овие стратегии, банките имаат клучна улога, бидејќи банките се институциите што треба финансиски да ги поддржат овие проекти. Станува збор за проекти на обновливи извори на енергија какви што се ветар, сонце, вода и биомаса. Шпаркасе Банка е пионер на македонскиот пазар, бидејќи прва финансираше изградба на мали хидроелектрани уште пред 12 години. Од тогаш до денес, Банката има инвестирано во проекти од повеќе од 90 милиони евра и помогна да се инсталира моќност од 150MW. Ќе продолжиме тоа да го правиме, а тоа е и една од причините зошто поддржуваме и сме дел од вакви конференции, бидејќи ова е идеално место каде што можат да се разменат искуства и знаења, кои ќе ни помогнат да ги забрзаме активностите на овој пат што е пред нас“.

pretsedatelot-na-uo-na-sparkasse-banka-del-od-samitot-za-sina-ekonomija-03.jpg

Шпаркасе Банка АД Скопје продолжува да ги следи актуелните трендови за инвестиции во обновлива енергија, како и заложбата за спроведување на стратегијата за одржливост, со што го следи својот пат на трансформирање во одржлива банка што ќе излезе во пресрет на предизвиците на денешното време, водејќи се од потребите на сегашните и на идните генерации, за подобра иднина.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg