Топ 5 ФАВОРИТ оброци од кујната на Cooking with Branko
- Детали
- вторник, 19 септември 2023
Скопје, 19.09.2023 Познатиот македонски фуд блогер Бранко Попоски, познат како Cooking with Branko, веќе 5 години со многу љубов и труд подготвува различни инспиративни оброци. Љубителите на храна, гурмани, хедонисти и пред се оние кои ја следат подготовката на брзи, лесни и здраво приготвени рецепти, секојдневно уживаат во оброците кои ги прави и споделува на неговиот блог за храна.
Еден од топ 5 рецептите од кујната на Cooking with Branko е брзата торта со лимон, без додадени шеќер и брашно:
Потребни состојки:
- За долниот дел: 100гр. лешници, 100гр. бадеми, 100гр. ореви, 100гр. путер, 2 лажички путер од кикиритки, 2-3 големи лажици мед.
- За крем филот: 250гр. маскарпоне, сок од еден лимон, лимонова кора, 2-3 лажици мед, 2 мали лажички екстракт од ванила
Подготовка:
На загреана тава распоте го путерот. Додадете ги мелените лешници, бадеми и ореви. Додадете и две лажици путер од кикиритки. Печете на ниска температура од 2-3 минути. Потоа во садот за тортата, поставете на долниот дел хартија за печење и истурете ја смесата. Истапкајте убаво со рацете да се прицврсти за дното. Откако ќе излади, премачкајте ја со мед и вратете ја да се зацврсти во фрижидер.
За тоа време, подгответе го крем филот. Матете го со миксер маскарпоне кремот, сокот од лимон и екстрактот од ванила. Откако ќе добиете хомогена смеса, додадете две лажици мед. Промешајте убаво. Смесата истурете ја врз долниот дел од тортата и распоредете ја убаво. Врз крем филот изрендајте кора од лимон. Оставете ја тортата да се зацврсти во фрижидер околу 30 минути. На здравје!
Како дополнителни ФАВОРИТ рецепти кои Cooking with Branko ги издвојува од неговата кујна можете да ги погледнете на следните линкови:
За подготовка на овие рецепти, потребна е и соодветно добра апаратура. За овој дел се погрижи „Favorit Electronics“, македонски бренд за бела техника кој повеќе од 25 години е посветен да го испорача најдобриот квалитет на своите клиенти по прифатливи цени.
За подготовка на рецептите Бранко ја користи вградната плоча Домино Д2 и вградната рерна Favorit BIO 78-D LUX B, елементи без кои овие јадења не би биле толку вкусни и брзо подготвени.
Асортиманот на „Favorit Electronics“ е голем и одговара на сите потреби за практично и квалитетно готвење. Тоа што го издвојува овој бренд е нивната посветеност да ја донесат и испорачаат најновата технологија по поволни цени. „Favorit Electronics“ секојдневно внесуваат иновации во карактеристиките на своите производи со цел поефикасна и полесна употреба.
Доколку го прашаме Cooking with Branko кој е неговиот фаворит во готвењето, неговиот одговор би бил краток и јасен – „Favorit е мој Фаворит“.