Со едно пластично шише или лименка до влезница на концерт на NATALEE, Фолтин, SIZ и KEM
- Детали
- вторник, 12 септември 2023
Со една лименка или пластично шише како влезница, благодарение на Пакомак, во петок 15 септември, во 20:00 часот, можете да влезете на концерт на NATALEE, Фолтин, а потоа и да го проследите настапот на SIZ и KEM кој ќе се одржи на платото пред Македонска опера и балет (плоштад Мајка Тереза), како дел од фестивалот „Звукот на Скопје“.
Овој еко-фестивал веќе традиционално се одржува, па и оваа година има цел да го поттикне зачувувањето на животната средина и еколошките навики кај луѓето. Целта е преку музика и забава, селектирањето на отпадот да стане дел од нашето секојдневие, од нашиот животен стил, а во функција на здрава и чиста животна околина.
Дополнителна поволност е да се добие гратис Скопско Смут, а треба само да ја преземете апликацијата Pakomak Ecomak од Google Play тука, или од App Store тука, да селектирате 5 пластични шишиња или лименки на некоја од следните локации и да ги покажете поените од апликацијата на луѓето зад шанкот.
Идејата е да има добра забава, но и едукација на сите, вклучително и младите за екологија и за селекција на отпад. Влезницата за тој концерт ќе биде едно пластично шише или една лименка. Со добрата музика и забава привлекуваме публика и испраќаме еколошка порака од целиот фестивал, рече Ико Брдароски од „Пакомак“.
Селектираме, слушаме добра музика и уживаме. Спојувањето на музиката со намалување на отпадот и промоција на рециклирањето претставува инспиративен начин да се придонесе кон почиста околина и подобра иднина.
Фестивалот е пример за тоа како малите акции може да направат значителна промена и да создадат хармонија што одекнува долго откако музиката ќе заврши.
Овој настан зборува и за тоа колку се важни креативните решенија во глобалните напори да се создаде позелен и поодржлив свет.