„Фиксно си е фиксно“ - станбен и потрошувачки кредит на Шпаркасе Банка со фиксна каматна стапка
- Детали
- понеделник, 11 септември 2023
11.09.2023 г. Скопје - Шпаркасе Банка АД Скопје посветено работејќи на визијата да биде прв избор на клиентите и водечка банка по квалитет на услугa, стартува со нови атрактивни понуди за сите клиенти, со најповолни услови.
Со оваа понуда, Шпаркасе Банка нуди Станбен кредит со фиксна каматна стапка од 3,8% за првите десет години, можност за вклучување полиса за животно осигурување, на максимален износ до 400,000 ЕВРА, како и Потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 5,8% за целиот период на отплата којшто трае 95 месеци, на максимален износ до 1.500.000 денари со вклучено кредитно животно осигурување.
Во време на зголемена несигурност и растечки тренд на каматните стапки, Банката, со воведувањето на понудата за фиксна каматна стапка на 10 години за станбен кредит – „Фиксирај го домот“ и фиксна каматна стапка за целиот период на отплата за потрошувачки кредит - „Фиксно си е фиксно“, има за цел да им понуди на клиентите прецизно планирање на личните финансии и на месечните трошоци, преку обезбедување фиксна рата за нивниот кредит.
Шпаркасе Банка продолжува да работи во интерес на финансиското здравје на своите клиенти, верувајќи во подобра иднина и настојувајќи секогаш да излезе во пресрет на нивните желби и потреби во актуелното динамично опкружување.
Шпаркасе Банка е членка на групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе, која е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа, а за нејзината стабилност и традиција зборува фактот за непрекинато работење од близу 200 години. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 35 експозитури.