Променетe го начинот на кој ја градите врската со детето - Онлајн конференција за свесно родителство 2023 по втор пат
- Детали
- недела, 10 септември 2023
По огромниот успех на минатогодишната конференција на која повеќе од 700 учесници имаа можност да го трансформираат своето родителско патување преку 12 предавања од реномирани предавачи, оваа година конференцијата за свесно родителство ќе се одржи од 20-24 септември, со уште побогата програма и нови искуства.
Без разлика дали сте нов родител, самохран(а) мајка или татко, имате четири или само едно дете, оваа конференција ќе ви понуди стратегии за секое ниво од патувањето наречено родителство, но и решенија за секој предизвик на патот.
Предавањата од 15 експерти во областа на родителството ќе можат да се следат 100% во живо и онлајн на платформата www.roditelstvo.mk, креирана со цел сите родители да имаат лесен пристап и можност за специјализирана едукација, која не само што ќе им помогне на една генерација на родители, туку на цела генерација деца.
„Нашата конференција е место каде родителите ќе можат да ги здружат силите во заедница на учење и раст. Преку оваа конференција ние сакаме да ги обезбедиме сите родители со мудроста потребна за да воспитаат истрајни, сочувствителни индивидуи кои позитивно влијаат на светот“ - Катерина Љамова Богоевска, основач на NGO Grow, главен поддржувач и организатор на конференцијата.
NGO GROW e организација која има за цел подигнување на свест и поддршка на родители во совладување на животните и семејните предизвици, чија мисија е да креира голема заедница на родители кои приоритизираат холистички семеен раст.
Повеќе информации за конференцијата, предавачите и пријавувањето на: www.roditelstvo.mk