Македонскиот бенд „Номад“ на Astibo Jazz Festival во Штип, на 19-ти септември

makedonskiot-bend-nomad-na-astivo-jazz-festival-vo-shtip-na-19-ti-septemvri-01.jpg

Номад е нов македонски бенд формиран во 2021 година. Бендот прави преработки на македонски народни песни во progressive rock/fusion варијанти. Целта на бендот е да се зачува и негува македонската традиционална музика.

„Ние сакаме да им ја доближиме македонската музика на луѓето, преку наши преработки на сплотени два спротивни жанра и да ги пренесеме емоциите и приказните кои живеат во нашите срца”.

makedonskiot-bend-nomad-na-astivo-jazz-festival-vo-shtip-na-19-ti-septemvri-02.jpg

Номад во моментот работи на своја авторска музика а нивниот водечки мотив се токму примесите од традиционалната песна.

makedonskiot-bend-nomad-na-astivo-jazz-festival-vo-shtip-na-19-ti-septemvri-03.jpg

Бендот го сочинуваат:

  • Мима Младеновска – вокал
  • Христијан Ивановски – гитара
  • Јован Цветковиќ – пиано
  • Иван Ивановски – бас
  • Андреј Николов – тапани

makedonskiot-bend-nomad-na-astivo-jazz-festival-vo-shtip-na-19-ti-septemvri-04.jpg

Нашиот прв настап во јавноста беше на Гитаријада Куманово, а продолжуваме со Astibo Jazz Festival во Штип. Тука ќе ја претставиме нашата прва авторска песна насловена „Душевен плод”.

makedonskiot-bend-nomad-na-astivo-jazz-festival-vo-shtip-na-19-ti-septemvri-07.jpg

За сите кои што сакаат да не слушнат нека го посетат фестивалот на 19 септември каде што ќе настапи и Влатко Стефановски.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg