Огромен интерес од регионот и Македонија за конференцијата за е-трговија „Redefining E-commerce: A(I) New Era”
- Детали
- четврток, 07 септември 2023
Скопје 07.09.2023 - Шестата регионална конференција за е-трговија, оваа година под мотото „Redefining E-commerce: A(I) New Era” со сигурност станува еден од најпрепознатливите регионални бизнис настани. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, неодамна најави конференција која ќе ги помести границите во секторот на е-трговијата и ќе ја внесе домашната е-трговија во новата дигитална ера во која полека, но сигурно, вештачката интелигенција станува клучен дел.
Најавеното концептуално издание на овогодинешната регионална конференција кое ќе се одржи на 14 ноември во Националната опера и Балет, доби одличен одзив како од домашните, така и од компаниите и асоцијациите од цел Балкан кои сакаат да го запознаат македонскиот пазар и кои сакаат да ги понудат своите производи и услуги тука.
„Мило ни е што конференцијата станува своевиден trademark на Скопје кога станува збор за бизнис настани. Добрата организација, квлалитетната програма, информациите, бизнис можностите, соработките, дружењето, познанствата, се работите по кои самата конференција станува препознатлива и поради кои одзивот за неа оваа година е далеку поголем од очекувањата. Картите брзо се распродаваат, а по специјална Early Bird цена се достапни само уште неколку карти. После успешни 5 изданија, наша цел за оваа година е да создадеме настан кој ќе ги натера сите засегнати страни во е-трговијата да размислуваат outside the box и на најдобар начин да ја применуваат современата достапна технологија за да го подобрат својот бизнис и да ги редефинираат своите бизнис деловни стратегии во новата дигитална ера која постојано се менува.“ - вели Виктор Стојкоски, генерален секретар на Асоциjацијата за е-трговија на Македонија, која воедно е и организатор на овој значаен настан.
На овогодинешната конференција, присутните ќе имаат прилика да ги дознаат најновите светски трендови поврзани со развојот на вештачката интелигенција, нејзините неограничени можности кои ги нуди за е-трговијата и за тоа како AI може да им помогне на компаниите во растот и развојот на бизнисот, давајќи им прилика да ги редефинираат и подобрат своите деловни стратегии во новата дигитална ера која постојано се менува.
Покрај својата голема програма, конференцијата ќе биде место кои ќе обезбеди многу можности за создавање на нови, вредни познанства, вмрежување, дружење и разменување на идеи со успешни претприемачи, е-трговци, tech професионалци и ентузијасти, директори на компании и бизнис претставници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Бугарија и Хрватска.
Помеѓу говорниците кои преку клучни говори, панел дискусии и неформални разговори ќе го пренесат своето знаење, искуство и експертиза ќе бидат и претставници од едни од најголемите светски и регионални компании кои наскоро ќе бидат објавени на официјалната веб-страница на конференцијата ecommerceconference.mk
Новата дигитална ера е тука и го редефинира светот на е-трговијата. „Redefinig E-commerce: A(i) New Era” е настанот на кој ќе се зборува и учи за овој нов свет. Сите детали за конференцијата и за промотивните Early Bird карти сe достапни на: www.ecommerceconference.mk.