Играј со најдобрите: Видеолотарија со донација од 2.200.000 денари реконструираше детско игралиште во општина Центар
- Детали
- среда, 06 септември 2023
Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија го пушти во функција детското инклузивно игралиште во близина на ТЦ Зебра во Капиштец, Општина Центар. За неговата реконструкција, Видеолотарија обезбеди 2.200.000 денари.
Со донација од 2.200.000 денари, Видеолотарија Касинос Австрија придонесе да биде ставено во функција, инклузивното детско игралиште во близина на ТЦ Зебра, во Општина Центар. Новиот и модерен изглед на ова игралиште, ќе придонесе за забава на сите деца.
Со оваа донација овозможивме да се направи ново и модерно, инклузивно детско игралиште на кое децата ќе може да играат и да се дружат. Игралиштето доби гумиран под на кој се поставени реквизити, комплетно безбедни за сите деца, а околу игралиштето е поставена ограда. Игралиштето овозможува пристап и можности за забавување и на дечињата со попреченост, со што се овозможува инклузивност. Наша цел е сите деца да добијат еднаква шанса за забавување и безгрижни детски денови.
Ова игралиште е 11 по ред од проектот за изградба на повеќенаменски и спортски игралишта низ целата земја на Видеолотарија Касинос Австрија. Досега се ставени во функција седум спортски игралишта во Свети Николе, Битола, Гевгелија, Лојане, Охрид, Чаир и во општина Карпош во Скопје, како и 4 инклузивни детски игралишта во Скопје, Демир Хисар, Валандово и во Центар во Скопје. Со задоволство, споделуваме дека веќе се почнати активностите за реконструирање на игралиштето во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски изрази благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за донацијата.
„Драго ми е што се наоѓаме на игралиштето, каде повторно се слуша детскиот џагор. Сакам од срце да се заблагодарам на Видеолотарија Касинос Австрија, затоа што како општествено одговорна компанија овозможија да поставиме комплетно ново детско игралиште, на местото на старото, кое беше целосно руинирано. Новото игралиште е доказ дека со компании како Видеолотарија, може да придонесеме за одлични проекти, како за децата, така и за возрасните.“ нагласи градоначалникот Герасимовски.
Видеолотарија и во иднина, одговорно ќе продолжи со својата мисија за креирање на зони за спорт, забава и рекреација на најмладите низ целата земја. Со оваа стратегија, Видеолотарија Касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните. Нашата идеја е да придонесеме во развојот на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики, преку забава и игра.
#ИграјОдговорно # ИГРАЈСОНАЈДОБРИТЕ