Gorenje ConnectLife: Најдобриот сојузник на вашиот дом

Паметна и иновативна апликација на иднината која заштедува време и енергија и го поедноставува секојдневниот живот

Брзото темпо на живот, големиот број на обврски и недостатокот на слободно време се карактеристики на денешниот модерен живот. Луѓето се позафатени, копнеат по повеќе слободно време и сакаат да им се препуштат на работите што навистина ги прават среќни.

Апликацијата ConnectLife на Gorenje е решение за овие видови предизвици бидејќи им овозможува на корисниците да ги автоматизираат и поедностават секојдневните обврски, од каде било. Така, стана возможно да се стартува Gorenje машина за садови од далечина со едноставно испраќање инструкции преку апликацијата, како и да се добие навремено известување кога садовите се измиени односно кога програмата за миење е завршена.

Со тоа што ќе им дозволат на паметните апарати за домаќинство да ги извршат работите наместо нив, со само едно копче, корисниците не само што ќе си ги поедностават секојдневните задачи и ќе си ја подобрат севкупната продуктивност, туку и ќе заштедат драгоцено време што може да го потрошат на работи во кои најмногу уживаат.

gorenje-connectlife-najdobriot-sojuznik-na-vasiot-dom-01.jpg

Перењето алишта никогаш не било полесно!

Перењето алишта е активност што е неизбежна и честопати одзема премногу време. Натрупувањето, сортирањето, подготвувањето и перењето алишта од различни бои, материјали и упатства за нега може да биде мачна секојдневна задача. Со функцијата во ConnectLife апликацијата на Gorenje која овозможува помош при перење, работата на корисникот ќе се сведе на минимум. Треба само да го избере типот и бојата на алиштата, да одреди колку се валкани и дали има тешки дамки за чистење. Апликацијата потоа ќе ја предложи најсоодветната програма за перење, што ќе овозможи корисникот да го започнете процесот со еден допир на телефонот, проследено со известување кога циклусот на перење ќе заврши. На овој начин, алиштата нема да останат влажни и да развијат непријатен мирис во машината за перење.

Заштеда на електрична енергија и пари

Без разлика дали станува збор за перење алишта или миење садови, паметната платформа може да помогне сите ние да станеме повеќе еколошки свесни. Во апликацијата ConnectLife на Gorenje, може да се изберете најсоодветната програма за миење врз основа на типот на садовите и нивото на извалканост, што ќе овозможи да се заштеди вода и да се намали употребата на детергент. Ова не само што промовира одржливост, туку и ги намалува трошоците за вода и детергенти за перење.

Понатаму, може да се заштеди енергија и пари ако се дефинира крај на програмата за перење или миење садови кога најмногу му одговара на корисникот, на пример кога е во сила евтина тарифа за електрична енергија. Со миење и перење надвор од скапата тарифа на електрична енергија, може да се намали потрошувачката на енергија и потенцијално да се намалат сметките за комунални услуги. На тој начин, и околината и личните финансии ќе имаат корист, а притоа алиштата и садовите ќе се ракуваат ефикасно и ефективно.

Сите важни информации за апаратот на едно место

Апликацијата исто така ќе се погрижи сите упатства и потребни информации за одржување на апаратот да се складираат на едно место. Заборавете на преполните фиоки со хартии кои не можете да ги најдете. Плус, со корисни совети и трикови, може да се откријат најдобрите начини да се извлече максимумот од уредите и да се обезбедите нивната долговечност.

Посветете го вашето време на работи што ви се важни и во кои уживате, а Gorenje ConnectLife апликацијата ќе се грижи за вашите апарати за домаќинство на најпрактичен и најлесен начин!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg