Регистрирај се и комплетирај го вториот чекор за добивање субвенциониран студентски оброк - Шпаркасе Банка со нова студентска платформа
- Детали
- среда, 30 август 2023
Скопје, 30.08.2023 – Квалификуваните студенти за субвенциониран студентски оброк веќе се влезени во втората фаза од процесот за добивање на наменската студентска Visa картичка.
Шпаркасе Банка АД Скопје ги повикува сите студенти, кои аплицирале за користење на правото за субвенциониран студентски оброк до МОН, да преминат на следниот чекор и да ги ажурираат своите податоци на новата активна онлајн платформа на банката, https://netbanking.mk/studentPortal.
Сите квалификувани студенти, кои ги исполниле условите, со пополнување на бараните податоци на новата активна онлајн платформа на Шпаркасе Банка, влегуваат во финалниот процес за добивање на студентската Visa картичка за субвенциониран студентски оброк.
Студентската Visa картичка на Шпаркасе Банка АД Скопје и МОН ќе обезбеди наменско користење на доделените средства на дневен износ од 140 денари. Студентите ќе можат да ја користат од понеделник до сабота (со исклучок на државни празници), кај правни лица, кои се занимаваат со продажба на приготвена храна, како и продажба на храна и прехранбени производи.
Шпаркасе Банка навремено ќе ги извести сите студенти за точното место и време на подигнување на сопствената картичка преку Вибер/СМС.
Шпаркасе Банка на сите студенти, кои аплицирале за користење на субвенциониран студентски оброк, ќе им овозможи бесплатно користење на Vibe on пакет за млади, кој вклучува бесплатно отворање и одржување на платежна сметка, бесплатно добивање и користење на платежна картичка, како и бесплатно S-Banka мобилно банкарство, преку кое може да се плаќа во движење, да се следи состојбата на сметката, да се подигнуваат средства од АТМ без провизија на сите АТМ-и на ниво во Групацијата, каде и да сте.
За сите дополнителни информации, поврзани со студентската Visa картичка, студентите можат да се обратат на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., или на https://sparkasse.mk, како и на 24/7 достапниот телефонскиот број 02/308-7360.