На продолжен викенд во Струмица: Задолжителни дестинации, добра забава и вкусна храна

Еден од најсончевите градови во нашата земја или повеќе од 230 сончеви денови во годината. Град кој носи топлина и некоја чудесна убавина. Ќе ве пречекаат „питоми“ луѓе кои со својата добрина и со отворено срце, ведро ќе ве примат во нивната Струмица.

na-prodolzhen-vikend-vo-strumica-zadolzhitelni-destinacii-dobra-zabava-i-vkusna-hrana-01_1.jpg

Прекрасна во секое време од годината, но особено убава во летниот период.

Ќе речете „не нѐ водел патот натаму“, па затоа подолу ви даваме неколку добри причини да ја посетите Струмица и нејзината околина, а претстојниот продолжен викенд е идеален за оваа прошетка.

Задолжително посетете ги следниве дестинации кои нема да ве остават рамнодушни:

1. Тврдината „Цареви Кули“

Заштитен знак на градот - дебелите бедеми и тврдини сведочат за древноста, историјата низ која живеела и се издигнала Струмица. Каде и да сте во градот не може а да не ја забележите оваа величествена тврдина, која длабоко во себе крие бескрајно многу раскази, митови но и фактографија за градот од древните времиња до денес.

Цареви Кули е место каде што живееле многу генерации, каде се крстосувало и се царувало, каде се освојувало и победувало.

2. Габровски, Колешински и Смоларски водопади

Места каде што ќе уживате во звукот на водата и песната на птиците. Природата околу водопадите е прекрасна.

na-prodolzhen-vikend-vo-strumica-zadolzhitelni-destinacii-dobra-zabava-i-vkusna-hrana-02_1_copy.jpgфото: depositphotos.com

3. Манастирот „Св. Богородица Елеуса“ во селото Велјуса

Сместено во подножјето на планината Еленица, односно на допирот на подножјето со рамничарскиот дел на Струмичкото Поле. Порано селото се викало Палеокастро, но откако се изградил манастирот посветен на Елеуса (Милостива), селаните кога доаѓале накај црквата викале: Одиме во Елеуса… Велеуса.

Станува збор за народно предание, кое се смета и за најверодостојно.

Во внатрешноста на манастирот се зачувани оригинални делови од најстариот мермерен иконостас и фрагменти од мозаичните декорации на подот. Мошне е ретка и фреската на Исус во куполата, бидејќи Исус ретко се прикажува како дете на 12 години.

Манастирот стар 1000 години е сведок на времиња и невремиња, но сè уште стои цврсто и непоколебливо, со тивко ветување дека ќе биде тука и во следните 1000.

4. Манастирскиот комплекс „Св. Леонтиј“

Се наоѓа на околу 4 км западно од Струмица во селото Водоча. Најстар објект овде е ранохристијанската базилика, која потекнува од V и VI век. Комплексот на водочки цркви ги сочинуваат три цркви. Најстара е источната трикорабна куполна црква изградена VII-IX век, која била разурната по пропаста на Самуиловата држава. Од неа се останати делови од олтарната апсида, проскомидијата и ѓакониконот, а најстара фреска овде е претставата на неидентификуван светец од крајот на X век.

na-prodolzhen-vikend-vo-strumica-zadolzhitelni-destinacii-dobra-zabava-i-vkusna-hrana-01.jpgфото: depositphotos.com

Врз остатоците на темелите од поранешните цркви е извршена реставрацијата во 1979 год. и денес е јасно забележливо по оловната преграда до каде биле остатоците. Во 1996 г. овде е обновено монаштвото, а денес овде живее монашкото сестринство на струмичката епархија.

5. Римска терма – с. Банско

na-prodolzhen-vikend-vo-strumica-zadolzhitelni-destinacii-dobra-zabava-i-vkusna-hrana-11.jpgфото: Wikipedia

Римјаните преку нивните градежни активности оставиле видливи траги на територијата на општина Струмица. Еден од најрепрезентативните докази за тоа е објектот Доцноримско термално лекувалиште во Банско (Balneum) кое е подигнато во III и IV век. Тој се наоѓа на околу 12 км оддалеченост источно од Струмица, во подножјето на планината Беласица. 

Кога ќе сакате да направите пауза за ручек, задолжително пробајте некои од струмичките специјалитети: За мезе свежа салата од највкусни домати и пиперки, летна манџа и вкусни пржени чушки со урда. Аман балајди, полнети чушки, турли тава, чалбур, полнети тиквички и сарма за главно јадење, а за десерт задолжително пробајте ја струмичката алва, баклава, татлија или зерде.

Некои од најпрепознатливите пијалаци за струмичкиот регион се струмичката мастика, Струмка, домашно вино и боза.

Шаренилото од бои на трпезата, примамливиот мирис и неодоливиот вкус на јадењата од струмичката кујна се приказна сама за себе. Сето тоа треба да се вкуси, види и доживее.

А, кога веќе сте во градот, ставете ја во вашиот план една од најдобрите забави ова лето: На 7 септември (четврток), ќе се одржи голем еднодневен настан, во организација на тимот на EXIT во соработка со градот Струмица, на кој ќе настапат познати меѓународни и регионални музички ѕвезди.

na-prodolzhen-vikend-vo-strumica-zadolzhitelni-destinacii-dobra-zabava-i-vkusna-hrana-03.jpg

Влезот на забавата е бесплатен. Oваа година, дел од настанот ќе биде IQOS зоната каде што освен што ќе може да ги наполните и исчистите вашите уреди, ќе имате можност да направите и незаборавни фотки во Инстаграм корнерот, да се освежите, а, како и секогаш, IQOS ви подготвува бројни изненадувања.

na-prodolzhen-vikend-vo-strumica-zadolzhitelni-destinacii-dobra-zabava-i-vkusna-hrana-09.jpg
IQOS Together X зона

Сигурни сме дека спомените од овој викенд ќе се раскажуваат долго!

Е. П. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg