50 керамички чаши бараат свој нов дом

Наместо овие чаши да се фрлат, графичкото студио за дизајн Контура одлучија да ги подарат преку платформата на Yes for less. Нека служи како пример за одговорна компанија која се грижи дури и за вакви, навидум, ситни проблеми. 

50-keramicki-casi-baraat-svoj-nov-dom-01.jpg

И не, не е срамота да се подари или земе предмет кој е веќе употребен. Напротив, те предизвикуваме секој пат кога имаш нешто да подариш и сакаш да го објавиш јавно да го искористиш хаштагот #YesforLessMk и да го тагнеш профилот, а Yes for Less ќе ја сподели информацијата. 

Покрај оваа акција, имаат и уште една која е активна, а тоа е споделување на еко активности и настани во наредните месеци.

Доколку во наредниот период видиш и други настани со слични тематики, или пак си индивидуа/организација која ги организира, прати им ги на инстаграм/фејсбук или пак на емаил (Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.) и ќе ги објават во наредната група видео. Помогни да се расчујат и сподели ги следните видеа со пријатели.

Инаку тие неоддамна ја отворија нивната веб платформа www.yesforless.mk која ти помага на едно место да ги најдеш сите информации за поодржлив и еколошки живот. Посети ја и дознај повеќе за што се работи. 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg