Хуманитарна кампања „Во Веро направи добро дело за СОС Детско село“

Во пресрет на новата учебна година и зголемениот обем на продажба на училишен прибор, „Веро“ заедно со своите партнери и добавувачи почнува хуманитарна донаторска кампања наменета за децата поддржани од СОС Детско село со цел да им овозможи успешен почеток на школската година. 

humanitarna-kampanja-vo-vero-napravi-dobro-delo-za-sos-detsko-selo.jpg

Сите потрошувачи во Веро маркетите и Jumbo продавниците може да се вклучат во кампањата и да им помогнат на децата од оваа ранлива категорија, обезбедувајќи им услови за поквалитетно образование.

Со купување на посебно означените производи од училишната програма во Веро маркетите и Jumbo продавниците, потрошувачите донираат средства кои се насочуваат во фондот наменет за СОС Детско село. Со секој купен ранец тие донираат по 30 денари, за училишен несесер 10 денари, додека за секој купен молив, пенкало, тетратка или боенка потрошувачите донираат по 1 денар. Сите собрани средства во оваа кампања, која трае од 21 август до 20 септември, ќе бидат наменети за образовните потреби на децата поддржани од СОС Детско село.

И покрај тоа што економската криза сѐ уште трае и голем број бизниси се погодени, „Веро“ како општествено одговорна компанија заедно со своите партнери и добавувачи од „Офис плус“, „ТОЗ МК“, „Графотекс“, „Пан граф“, „Папироти“, „Просветно дело“, „Унивел“ и „Солушн Д“ одлучија да ја почнат оваа хуманитарна кампања и со помош на потрошувачите покажат дека децата без родителска грижа дека не се оставени сами.

Оваа кампања ѝ додава „хуманитарна вредност“ на продажбата, при што „Веро“ заедно со партнерите издвојува дел од профитот за да ги поддржи децата од СОС Детско село и да им овозможи еднакви можности со останатите деца, а со тоа и подобра иднина. Квалитетното образование е столб на секое општество и само преко вложување во оваа област може да создадеме силни индивидуи кои ќе бидат движечка сила на заедницата. Како општествено-одговорна компанија, среќни сме што придонесуваме кон јакнење на свеста на заедницата дека сите што се во можност треба да се вклучат во активностите за поддршка на најранливата категорија, децата – вели Петар Денковски, генерален директор на „Веро“. 

Граѓаните кои сакаат да се вклучат во оваа донаторска кампања треба да ги побараат означените производи од школската програма во кој било Веро маркет или Jumbo продавница. Од менаџментот на Веро се надеваат дека хуманитарната кампања ќе биде исклучително успешна и дека ќе се соберат доволно средства кои барем малку ќе придонесат за подобро образование и успешен почеток на учебната година на децата поддржани од СОС Детско село.

Од СОС Детско село ја поздравуваат хуманитарната кампања на „Веро“ и нивните партнери и добавувачи и истакнуваат дека таа има многу големо значење за децата поддржани во оваа организација.

Благодарни сме на „Веро“ и парнерите кои ја покажаа својата големина и не ги заборавија дечињата поддржани од СОС Детско село. Нивната хуманитарна кампања ќе овозможи да им обезбедиме подобри услови за образование на децата, а со тоа и поквалитетна иднина. Се надеваме дека примерот на „Веро“’ и партнерите кои учествуваат во кампањата ќе биде поттик и за други компании да организираат хуманитарни кампањи – вели Силвија Димитрова, директор за собирање средства и комуникациии на СОС Детско село.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg