Hisense предлага лесни начини за спроведување на практики за зголемување на одржливоста во вашиот дом

Одржливоста стана тема што достигна критична точка на денешницата. Нашите постапки имаат значење бидејќи директно влијаат врз животната средина. Во Hisense, ние сме свесни дека како глобален производител на електроника и уреди треба да го препознаеме значењето на одржливоста и да направиме значителни напори во промовирањето на практики за подобрување на одржливоста во текот на секоја фаза од животниот циклус на нашите производи и од синџирот на снабдување.

„Ние веруваме дека одржливиот развој е најважниот чекор на патот на Hisense Europe кон промовирањето на социјалниот и економскиот развој. Сакаме да преземеме активности во секој чекор, за да напредуваме во насока на подобрување на одржливоста, за да ја заштитиме нашата планета и да постигнеме придобивки за општествата и заедниците.“

Џјанмин Хан, извршен директор на Hisense Europe

hisense-predlaga-lesni-nacini-za-sproveduvanje-na-praktiki-za-zgolemuvanje-na-odrzlivosta-na-vasiot-dom-03.jpg

Во потрага по нулта-емисии на јаглерод

Тврдокорните напори на Hisense кон поодржливо деловно опкружување почнуваат во рамките на производствениот процес. Направивме голем чекор напред во намалувањето на јаглеродното влијание од нашата индустрија во рамките на нашите производствени процеси. Наша цел е нулта-емитување на јаглерод, да постигнеме производство без влијание врз климата до 2030 година и да создадеме синџир на снабдување со неутрализација на емисиите на јаглерод до 2050 година. Посветени сме на целта да бидеме енергетски ефикасни, да рециклираме секаде каде што е тоа можно и да ги направиме нашите производи поодржливи преку зелената технологија.

Во текот на целиот производствен процес успеавме да направиме значителен напредок во намалувањето на потрошувачката. За само пет години постигнавме 38% помала потрошувачка на вода, 24% помалку потрошувачка на енергија и 31% помала потрошувачка на природен гас. Дополнително, инсталиравме 11 соларни централи за поодржлив пристап до обновлива енергија.

Одржливоста е интегрирана во производите на Hisense

Ние сме горди на нашите напори за подобрување на одржливоста и сакаме колку што е тоа можно да им олесниме на нашите клиенти во практикување на одржливоста и во нивниот дом, без да биде загрозен квалитетот. Затоа, ние, во Hisense континуирано го зголемуваме бројот на производи со поголема енергетска ефикасност и со помала потрошувачка на вода во сите категории.

Нашите производи се направени од одлични, еколошки гарантирани и разградливи материјали. Во сите главни категории, готвење, ладење, перење и миење садови, 95% од производот може да се рециклира и, дополнително, до 30% од материјалите што се користат во производството се веќе рециклирани.

Ефикасноста е клучна

Значајна карактеристика за одржливост на нашиот производ е ефикасноста. Производите на Hisense се дизајнирани да ги намалат оперативните трошоци, без разлика дали се работи за енергија, вода, па дури и за време. Сè повеќе уреди на Hisense се рангирани во класа А и во други повисоки класи при потрошувачката на енергија, значително намалувајќи ја вашата сметка за потрошувачка на енергија. Нашите вешти истражувачи за развој постигнаа континуирано намалување на потрошувачката на вода, и тоа за 80% кај машините за перење, при што последните генерации заштедуваат дополнителни 15 литри на секој циклус на перење, во споредба со претходните модели.

Производите на Hisense се подолготрајни

Подолготрајниот животен век на производот значи помалку отпад. Ние, во Hisense, работиме на тоа прогресивно да го продолжиме животниот век на секој производ. Со правилна употреба и одржување, нашите најнови апарати за ладење имаат животен век од 10 години. Кога станува збор за перењето, апаратите за перење алишта достигнуваат минимум 15.000 циклуси на перење. Освен тоа, нашата мисија е да ги направиме резервните делови широко достапни, дополнително продолжувајќи ја употребата на секој апарат одделно.

Последниот чекор зависи од вас

Одличниот, ефикасен и одржлив апарат е доволен само за почеток. За да ги насочите напорите на Hisense кон одржлива иднина и да го заокружите целиот циклус, може да се обидете да усвоите некои од следниве практики за подобрување на одржливоста:

Користете ги апаратите на Hisense во еко режим. Повеќето уреди на Hisense, од машините за перење до клима уредите, имаат вграден еко режим, за да ви помогнат да заштедите енергија и вода. Освен тоа, еко режимот обезбедува оптимални перформанси на апаратот.

Намалете ја температурата на машината за перење на 30°C. Со модерните детергенти за перење може да постигнете вашите алишта да бидат совршено чисти дури и при ниски температури. При работата на машините за перење, најголемиот дел од потрошувачката на енергија се случува при загревањето на водата, па затоа не двоумете се да ја поставите температурата на пониско ниво. Може, исто така, да изберете пократок циклус.

hisense-predlaga-lesni-nacini-za-sproveduvanje-na-praktiki-za-zgolemuvanje-na-odrzlivosta-na-vasiot-dom-02.jpg

Поставете го Hisense фрижидерот во режим на работа за време на одмор. Кога ќе излезете од дома на подолг период, Hisense фрижидерот може да ви помогне да заштедите енергија. Режимот на работа за време на одмор е дизајниран да одржува идеална температура во вашиот фрижидер во периоди кога вратите не се отвораат секојдневно.

Не ги преполнувајте вашите фрижидер и замрзнувач. Фрижидерите трошат повеќе енергија кога во нив се складирани повеќе намирници, а во исто време со намалување на количините на намирниците складирани во фрижидерот, ќе го намалите и создавањето отпад од храната што ја фрлате.

Користете ја температура рационално при печење или при готвење. Исклучете ја рерната пред докрај да го испечете јадењето. Постигнатата температура во затворената рерна ќе го доврши печењето без дополнителна потрошувачка на енергија. Истото важи и за стакло-керамичките плочи.

Исклучете ги телевизорот, звучниците и другите апарати. Дали свети малата светилка на вашиот телевизор кога тој е исклучен? Ова значи дека телевизорот е ставен само на режим на подготвеност и сè уште троши одредено количество на енергија. Особено кога не сте дома, целосно исклучете ги сите дополнителни апарати од приклучок. Како? Само исклучете ги од приклучокот.

hisense-predlaga-lesni-nacini-za-sproveduvanje-na-praktiki-za-zgolemuvanje-na-odrzlivosta-na-vasiot-dom-01.jpg

Ние сме многу горди на нашата посветеност на прашањето поврзано со одржливоста. Ве молиме размислете за тоа како може да придонесете и обидете се да направите некои мали чекори кон подобра иднина. Заедно можеме најдобро да ги искористиме напорите на Hisense за зголемување на одржливоста.

Откријте ја целата палета на одржливи производи на Hisense за вашиот дом тука.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg