Грчкиот јогурт совршен за секоја комбинација: Три летни брзи оброци со Грекос
- Детали
- понеделник, 14 август 2023
Исхраната во лето е специфична и освен хранлива, треба да биде лесна и освежителна. Треба да содржи минерали, витамини, протеини, калциум што во лето лесно се губат и затоа потребно е да се внесуваат редовно. Убавото е во тоа што се достапни многу намирници и комбинирањето на вкусовите и составот е плод на вашата фантазија.
Во исхраната во лето, неминовно се присутни млечните производи, а грчкиот јогурт е кралот на безбројните комбинации за слатки и солени оброци, дали како главна состојка или како додаток. Грчкиот тип на јогурт Грекос заради богатиот вкус и текстура што му ја дава на храната е вистинскиот избор за создавање лесни летни оброци. Со неговата кремаста структура и богат вкус, освен што на храната му дава свежина, со својот состав и хранливост за организмот носи придобивки кои се однесуваат на виталноста и здравствената состојба.
Затоа што е вкусен, хранлив и неопходен за секојдневната исхрана, ви предлагаме неколку рецепти со грчкиот тип на јогурт Грекос.
Сендвич со грчки јогурт
Сендвичот со грчки јогурт е највкусната опција за освежителен а енергетски појадок. Лесно и брзо се подготвува и потребни се само неколку состојки.
- Леб
- Грчки тип на јогурт Грекос
- Авокадо
- Калинка
За поголема компатибилност на вкусовите изберете интегрален или цело-зрнест леб, на двете парчиња леб намачкајте слој грчки тип на јогурт Грекос, авокадото додадете исечено на листови и наросете со зрна од калинка. По желба може да се додадат и зачини, сол или бибер. Поклопете и уживајте во свежината и богатството од вкусови.
Салата со грчки јогурт, копар, јајца и лимон
- 1/4 чаша грчки тип на јогурт Грекос
- 1 лажица свеж сок од лимон
- 1 лажица сечкан свеж копар
- 1/4 лажичка сол
- прстофат црн бибер
- 4 тврдо варени јајца сечкани
- леб од цели зрна, крекери или облоги од зелена салата
Измешајте ги сите состојки освен јајцата во сад додека не се добие мазна конзистентност. Додадете ги исечканите јајца и измешајте добро. Вкусете и прилагодете ги зачините по потреба.
Послужете на мек интегрален леб, со крекери или на облоги од зелена салата за опција со малку јаглени хидрати.
Чоко јогурт
- 1 чаша грчки тип на јогурт Грекос
- 2 лажици незасладено какао во прав
- ½ лажичка стевиа
- Овошје и јаткасти плодови по желба
Ставете го јогуртот во средна чинија. Додадете го какаото во прав и вашиот засладувач. Со лажица полека и темелно мешајте додека смесата не стане хомогена и кремаста. Ако смесата е премногу густа, измешајте со една или две лажици вода. Оставете да одмори на собна температура 10-30 минути, за да се спојат вкусовите. Додадете јаткасти плодови, ореви најдобро и овошје по желба.
Измешајте уште еднаш и уживајте!