Вивалди Мебел донесе нова дефиниција за раскошен и удобен home концепт
- Детали
- понеделник, 14 август 2023
Светски познатиот бренд за мебел Вивалди неодамна го отвори првиот салон во Македонија, во скопската населба Пинтија, во друштво на партнерите, соработниците и пријателите.
Вивалди своето производство го започна во 2009 година во Турција, за набргу потоа да стане синоним за квалитет, раскош, софистицираност и елеганција.
На производната површина од 13.000 квадратни метри и затворената површина од 15.000 квадратни метри, Вивалди создава несекојдневен мебел за целиот свет.
https://vimeo.com/726655052
За време на забавата во новоотворениот салон во Скопје, покрај музичката и забавната содржина, присутните имаа можност да слушнат повеќе за брендот кој донесе еден поинаков home концепт, од сопственикот на Вивалди, Хаџи Мехмет Гоккаја.
„Ние, Вивалди, сме бренд што се докажал во Турција со долгогодишно искуство и дизајн на мебел. Денес, со голема возбуда и гордост, го пренесуваме нашиот успех и во Македонија. Оваа нова филијала претставува важен чекор за нас и почеток на голема визија.
Во оваа прилика сакам да го изразам нашето восхитување за големото културно наследство на Македонија, богатата историја и добродушните луѓе. Со задоволство ќе работиме тука и ќе им обезбедиме на нашите клиенти квалитетни и елегантни производи од мебел“ – изјави тој.
Гоккаја додаде дека една од основните цели на Вивалди е задоволството на клиентите и токму затоа тимот е посветен на надминување на нивните очекувања. Брендот има долгорочни планови за присуството во Македонија градејќи силна и успешна иднина заеднички со локалните партнери.
Од спални соби до трпезарии и гарнитури за седење, од безвременски класици до модерни чуда, брендот нуди оригинални и уникатни дизајни кои го надминуваат времето и трендовите.
Новиот Вивалди салон за мебел се наоѓа на булевар Борис Трајковски број 210, во населбата Пинтија во Скопје.