Видеолотарија Касинос Австрија со донациоја од 940.000 денари, придонесе за модерно, инклузивно детско игралиште во Валандово
- Детали
- среда, 09 август 2023
Под слоганот ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ, Видеолотарија Касинос Австрија во склоп на своите заложби за општествена одговорност, продолжува со реализација на амбициозниот проект за изградба на повеќенаменски и спортски игралишта низ целата земја. Во овој проект, со донација од 940 000 денари, Видеолотарија стави во функција и инклузивно детско игралиште во село Пирава, Општина Валандово.
Со донација од 940 000 денари, Видеолотарија Касинос Австрија придонесе да биде ставено во функција, инклузивното детско игралиште во село Пирава, Валандово. Новиот и модерен изглед на ова игралиште, ќе придонесе за забава на сите деца.
Градоначалникот на Валандово-Перо Костадинов изрази благодарност до Видеолотарија за донацијата: „Парковите за деца се од исклучителна важност за заедницата и развојот на најмалите. Благодариме на Видеолотарија затоа што како општествено договорна компанија ја препознаа и пресретнаа потребата за создавање на зона за рекреација и забава за најмладите“.
Игралиште доби гумирана подлога на која се поставени реквизити, комплетно безбедни за сите деца. Игралиштето овозможува пристап и можности за забавување и на дечињата со попреченост, со што се овозможува инклузивност. Заради безбедност на децата, дополнително игралиштето е оградено. Наша цел е сите деца да добијат еднаква шанса за забавување и безгрижни детски денови.
Бренд амбасадорот на Видеолотарија Касинос Австрија, шампионот Игор Стефановски Иџе, изрази задоволство што е дел од овој проект, кој носи придобивки за сите, особено за најмладите во нашата заедница.
Видеолотарија одговорно продолжува со својата мисија за креирање на зони за спорт, забава и рекреација на најмладите низ целата земја. Со задоволство може да споделиме дека многу скоро ќе ги претставиме и другите игралишта на кои работевме изминатиов период.
Со оваа стратегија, Видеолотарија Касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните. Нашата идеја е да придонесеме во развојот на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики, преку забава и игра.
#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно