Приказната на Халки: Од бренд за детско штедење до симбол на детската креативност и инклузија

Халки е најпознатото слонче во Македонија. Другарува со децата, организира работилници, ги поттикнува и поддржува талентираните дечиња, донира во училишта, Зоолошка градина и во СОС Детско село, зборува за заштита на животната средина, има свои Фејсбук и Инстаграм страници, лого, па дури и сопствена сликовница.

prikaznata-na-halki-od-brend-za-detsko-stedenje-do-simbol-na-detskata-kreativnost-i-inkluzija-01_copy.jpg

Станува збор за најпознатиот бренд за детско штедење, кој во изминатите години од име и лик прерасна во вистински симбол на поддршка на детската креативност и инклузија, и носител на бројни општествено одговорни активности поврзани токму со најважните членови на нашата заедница - децата.

Но, како се развиваше брендот Халки и по што е препознатлив?  

prikaznata-na-halki-od-brend-za-detsko-stedenje-do-simbol-na-detskata-kreativnost-i-inkluzija-01.jpg

На прва те примамува автентичната и препознатлива визуелна комуникација, често пати збогатена со илустрации, видеа и други креативни решенија. Ако направите една „прошетка“ по неговата Фејсбук страница сигурно ќе го забележите впечатливиот и оргинален начин на комуникација. Дел од објавите содржат вистински мали уметнички дела. Содржините, покрај промотивните активности, се насочени кон финансиска писменост, едукација, промоција на различностите, заштитата на животната средина, инклузијата, креативноста.

prikaznata-na-halki-od-brend-za-detsko-stedenje-do-simbol-na-detskata-kreativnost-i-inkluzija-09.jpg

Но, Халки не е само лик од социјалните мрежи без дела. Препознатливото слонче со широка насмевка и сино капче е синоним за бренд кој секојдневно и активно придонесува за развој на креативноста, за потикнување на детската имагинација, и преку игра им помага да ја развијат љубопитноста за читањето, танцувањето, уметноста, штедењето. Бренд кој активно работи на подигнување на свеста за здрава животна средина.

Халки е доказ дека границите може да се поместуваат. Неговата мисија е насочена кон заложба за развој на квалитетно општество и создавање едуцирана идна публика.

Градењето бренд кој создава вистински општествени вредности, а притоа ги следи корпоративните рамки не е воопшто едноставен процес. За тоа е потребно многу знаење, ресурси и време.

Која е формулата за успешно развивање бренд, ја прашавме Маја Наумовска Савеска, одговорна за корпоративни комуникации во Халкбанк. 

„Развојот на брендот Халки се случи во вистинско време. Време во кое нашето општествено залагање треба да е насочено кон подигнување на свеста на децата, но и на родителите за важноста на развојот на детската креативност преку едукација за теми како инклузијата, здравата животна средина, читањето книги, прифаќањето на различностите, управувањето со финансии.
Во време во кое брзиот начин на живот, дигитализацијата и сите промени кои се случуваат, сметаме дека е клучно како се развиваат нашите деца како индивидуи, и тоа не само за нив лично туку и за идниот развој на нашето општество во целина.“  

prikaznata-na-halki-od-brend-za-detsko-stedenje-do-simbol-na-detskata-kreativnost-i-inkluzija-06.jpg

Во оваа мисија за развој на детската креативност и инклузивност, слончето Халки ја пропатува речиси цела Македонија, откри села во кои првпат се случуваат активности за деца надвор од редовната училишна настава.

Навистина е интерeсно да се следи патот на Халки низ села за кои многумина од нас веројатно никогаш не слушнале како Казндол и Чалакли на пример, села полни со деца, кои претходно немале можност да учествуваат на една креативна работилница. Во изминатите три години Халки и неговиот куфер полн авантури и занимливи активности посетија 10 македонски градови и 12 села.

prikaznata-na-halki-od-brend-za-detsko-stedenje-do-simbol-na-detskata-kreativnost-i-inkluzija-10.jpg

prikaznata-na-halki-od-brend-za-detsko-stedenje-do-simbol-na-detskata-kreativnost-i-inkluzija-05.jpg

„Морам да кажам дека Халки е навистина активен на терен ?. Преку разни активности ја буди детска љубопитност за истражување. И ова лето, во рамки на нашата „Халки шарено лето“ организираме креативни работилници за танцување, музика, пишуваме приказни, креираме сликовници. Овие летни работилници и големиот интерес за учество на нив е најдобар показател дека нашиот Халки е на вистинскиот пат.

Се разбира, не беше лесно сето ова да се осмисли. За секоја активност мора да се најдат точните одговори на прашањата како ќе придонесеме, дали тонот на комуникација ќе биде соодветен за возраста на децата, како да го задржиме нивното внимание и да ги оддалечиме од телефоните, што е интересно за секоја специфична детска возраст. 

Знаете, децата се најспецифична возрасна категорија, пред сè заради нивната искреност. Ако нешто не им се допаѓа, тие едноставно го кажуваат тоа. Токму затоа тимот кој работи на брендот Халки активно учествува во сите активности и оттука често произлегуваат идеи за идните авантури на Халки“, раскажува Наумовска Савеска.  

prikaznata-na-halki-od-brend-za-detsko-stedenje-do-simbol-na-detskata-kreativnost-i-inkluzija-02.jpg

Токму од овие средби со децата произлезе и проектот „Приказни од моето маало“, патувачки едукативно-креативен караван низ неколку градови во Македонија. Преку овие работилници на најмладите членови на нашето општество им се доближи уметноста и се поттикнаа да творат и да ги препознаваат вистинските вредности.

Халки како бренд е застапен во сите значајни општествени сфери кога се во прашање децата и младите, уште од нивното раѓање. За новороденчињата е креирана Радосница, која е интересна приказна за родителите, но и спомен на кој со емоција му се навраќаат.

prikaznata-na-halki-od-brend-za-detsko-stedenje-do-simbol-na-detskata-kreativnost-i-inkluzija-12.jpg

Халки е со дечињата и на нивниот прв училишен ден. Слончето го креираше првиот БОНТОН за правилно однесување на училиште, кој во рамки на проектот „Среќно прваче“ веќе неколку години го добиваат учениците во повеќе општини.

prikaznata-na-halki-od-brend-za-detsko-stedenje-do-simbol-na-detskata-kreativnost-i-inkluzija-14.jpg

Халки досега има реалирано над 80 работилници за деца за подигнување  и развој на детската креативност. Автентичното слонче од самите почетоци е партнер на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“. Од соработката со Литера произлезе и еден навистина интересен проект - „Сликовницата на Халки“. Тоа е интересно четиво за деца, со силни пораки што треба да стигнат и до возрасните. Со неа започна едно ново поглавје во компанијата и политиката за општествена одговорност – подигнување на свеста за поддршка и инклузија на децата без родители и родителска грижа. Прерасна во долгорочен проект на банката, а целосната сума од продажбата на сликовницата е наменета за поддршка на СОС Детско село.
Оваа вредност беше препознаена и „Сликовницата на Халки“ минатата година го доби признанието за поттикнување општествена одговорност, што традиционално го доделува Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) за време на Саемот на книга во Скопје.

prikaznata-na-halki-od-brend-za-detsko-stedenje-do-simbol-na-detskata-kreativnost-i-inkluzija-001.jpg

Халки црташе и мурали и го искористи овој посебено моќен уметнички израз за да испрати уште помоќни пораки. Еден од нив е муралот кој е насликан во ООУ „Григор Прличев“ во Охрид, симболичен подарок за крајот на учебната година за сите ученици, наставници и родители. Муралот со љубопитно девојче, насликан на површина од 29 м2 на училиштето „Григор Прличев“ во Охрид, испраќа порака за инклузивност, прифаќање на различностите и емпатија со оние кои живеат со најразлични предизвици.

prikaznata-na-halki-od-brend-za-detsko-stedenje-do-simbol-na-detskata-kreativnost-i-inkluzija-18.jpg

Создавањето на интересни интерактивни простори кои се со  намена за најмладите стана уште едно од препознатливите елементи во кои инвестира Халкбанк токму преку Халки. Досега се реализирани четири детски креативни катчиња во склоп на градски библиотеки низ државата.

Халкбанк АД Скопје, на Зоолошката градина ѝ подари училница на отворено која е од мултифункционален карактер, и служи како простор на кој се одржуваат интересни работилници посветени на природата, екологијата, запознавање со животните, нивните потреби и навики, како и запознавање со улогата на човекот во живиот свет. Просторот што се наоѓа непосредно до главниот влез е облагороден со голем поден мурал со пејсажни мотиви, насликан во широка палета светли тонови.

prikaznata-na-halki-od-brend-za-detsko-stedenje-do-simbol-na-detskata-kreativnost-i-inkluzija-17_copy.jpg

Халки ја создаде и серија кратки видеа со деца кои постигнале врвни резултати во одредени области. Серијалот наречен Идолите на Халки содржи 12 инспративни приказни со кои се пренесува пораката за важноста децата да имаат реални идоли кои постигнуваат резултати во образованието, спортот, уметноста.

Вредното слонче организираше и низа еколошки акции во училишни дворови, спроведе девет конкурски за ликовна творба, три конкурси за прозни текстови и многу работилници во училишта.

Комуникациската стратегија на Халки се разликува и по пристапот во комуницирањето со таргет публиката. Покрај главниот лик Халки, од годинава во приказната се вклучија уште три ликови кои комуницираат со публиката, а тоа се Марта, Денис и кучето Лаки. Ликови со автентични карактери кои низ игра едуцираат, мотивираат и се дружат со публиката во дигиталната комуникација.

prikaznata-na-halki-od-brend-za-detsko-stedenje-do-simbol-na-detskata-kreativnost-i-inkluzija-20.jpg

Активностите на инспиративното слонче продолжуваат, најавува Наумовска Савеска.

„Халки има неисцрпна инспирација, и понатаму ќе биде во секој град, секое маало, секое село. Неговата суперхеројска мисија за креирање вредни детски насмевки продолжува. Затоа што како што велиме во нашата банка: Важни се луѓето, но уште поважни се децата!“

prikaznata-na-halki-od-brend-za-detsko-stedenje-do-simbol-na-detskata-kreativnost-i-inkluzija-11.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg