Местото каде се создаваат иновациите за да се креира свет без чад

Научните истражувања донесоа иновации и во тутунската индустрија. И покрај тоа што се свесни дека цигарите се штетни по здравјето, голем број луѓе едноставно не се откажуваат од пушењето. Во јавното здравје, со примената на концептот на намалување на штети се намалуваат здравствените ризици, така што на луѓето им се нудат подобри алтернативи и се поттикнуваат помалку ризични однесувања. Во споредба со цигарите, електронските уреди кои го загреваат тутунот претставуваат подобра алтернатива од пушењето цигари, и се наменети само за полнолетните пушачи, кои инаку би продолжиле да пушат.

mestoto-kade-se-sozdavaat-inovaciite-za-da-se-kreira-svet-bez-chad-01.jpg

Иновациите во тутунската индустрија и водечкиот систем за загревање на тутунот се фокусирани на тоа како да се ослободи никотинот од тутунот, без притоа да се создаде катран, односно да се избегне процесот на согорување и со тоа да не доаѓа до создавање чад и високи нивоа на штетни состојки кои се присутни во истиот. Пред повеќе од една деценија, компанијата Филип Морис Интернешнал си постави цел да создаде помалку штетни алтернативи на цигарите. Благодарение на иновативноста и упорноста на научниците и големите инвестиции во иновации засновани на наука, PMI го направи токму тоа, развивајќи производи без чад.

Стигнуваме до местото каде што иновацијата ги диктира идните трендови. Не е приказна, ниту фикција, туку буквално фабрика од иднината, каде сè се одвива во една специфична атмосфера, која целосно ја менува перцепцијата за она што претставува фабрика и воопшто производствен погон.

Имавме несекојдневна можност да ги посетиме погоните на „Папастратос“, најголемата фабрика за тутунски производи во Грција, која е филијала на „Филип Морис Интернешнал“, при што можевме да се увериме во она што никој не веруваше – во целосната трансформација на тутунската индустрија. Фабриката лоцирана во Аспропиргос, на педесетина километри од Атина ни покажа друга димензија на функционирањето на тутунската индустрија. Синоним за иновативност, место каде што технологијата и традицијата одат рака под рака, каде што сè е беспрекорно уредено и каде што се произведуваат патрони од несогорлив тутун, под трговската марка Heets, наменети за електронските уреди за загревање на тутунот – IQOS, кои претставуваат подобра алтернатива од цигарите. Сѐ во „Филип Морис“ е поврзано со иновација и потекнува од инвентивност и креативност, па таков е случајот и во оваа фабрика.

Оваа фабрика е една од седумте што произведуваат Heets, наменети за голем дел од пазарите, каде што се продава IQOS. Производството се одликува со целосна компјутеризација на процесите и дигитализација на целото движење, како самиот објект да е град, каде што сè функционира врз посебна инфраструктура. Целото производство е поделено во фази. Секоја фаза внимателно се следи и на крај се добива конечниот производ. Интересно е дека целиот процес а автоматизиран, луѓето се дел од процесот само при проверка на производите. Сè друго е оставено на механизацијата.

Оваа идеална симбиоза на условите за работа и атмосферата е посакувано работно место, особено за младите. Условите за работа за вработените се над сите најнапредни стандарди, и повторно помислувате дека не може овој комплекс да се нарече фабрика и дали можеби со пречекорување на прагот сте влегле 50 години во иднината. Сепак, природата на работата наметува строги безбедносни стандарди, но и хигиенски, заштитна облека, специјални обувки, посебни за вработените, посебни за посетителите. Сѐ во фабриката е во насока на инвентивност, одржливост, во согласност со современите стандарди и промени што ги диктираат новите времиња.

И ова е само продолжување на стратегијата на Филип Морис Интернешнал, со креативна енергија и желба за еволуирање, да оди напред и да се менува. Со сопственото развивање и редефинирање, да креира нов, подобар свет ослободен од чад и каде што SMOKE FREE има вистинско значење. До пред неколку години футуристичката и за некои утописка визија за свет без чад, денес почнува да станува реалност. Тутунскиот гигант Филип Морис Интернешнл со научни иновации и високотехнолошка подготвеност ја создава иднината без чад, каде светот на пушачите и тутунската индустрија се трансформираат во сосема нов облик и одржлива иднина, која од секаков аспект е побезбедна за здравјето на луѓето.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg