За вистинска свадбена бајка: Ресторан Алликас во ново руво ќе биде исполнување на сите ваши соништа
- Детали
- понеделник, 07 август 2023
Алликас ви ја ветува свадбената бајка за која сонувавте, сега во ново руво и со реновирање по светски терк, уште повеќе ќе биде вистинското место за вашата свадбена церемонија, со префинети детали, елеганција и прв танц кој ќе го паметите до крајот на животот.
Ресторанот Алликас веќе години наназад е едно од најдобрите места за свадби во Скопје и околината. За среќни невести, релаксирани младоженци и мигови кои се паметат, таму се грижи врвен тим.
И досега сите парови што одлучија да се венчаат на ова место не добија ништо помалку од свадбената бајка која си ја посакуваа и замислуваа, но сега со реновирањето на ресторан Алликас нивните очекувања ќе бидат надминати.
Сега, просторот уште повеќе ќе зрачи со елеганција, а вие ќе се чувствувате како крал и кралица на својата прослава.
Префинети детали, внимателно избран ентериер и простор кој зрачи со љубов двојно повеќе ќе ве очекува во Алликас.
Во ново руво овој ресторан ќе биде исполнување на вашите соништа.
Со името Allikas, кое всушност значи извор, одговорните од овој ресторан ви ветуваат дека свадбената церемонија направена таму ќе биде само извор на среќа и извор на понатамошни убавини во вашиот живот.
Секогаш со насмевка ќе се навраќате на местото каде го одигравте првиот танц со својата сродна душа и зачекоривте по патеката наречена брак.
Алликас е ресторан кој се наоѓа на 5 километри од центарот на градот во пријатна и тивка околина. Се протега на голема зелена површина, каде ресторанскиот дел изнесува 600m2 и е со капацитет од 250 до 400 гости.
На зеленилото се организираат свадби и прослави под отворено небо, а исто така се организира и одржување на матично на отворено.
Ресторанот обезбедува паркинг-места за 100 возила, кој е под постојан видео-надзор, како и игротека за најмалите гости.
Салата за свечености е предвидена за летни и зимски свадби, што значи дека во лето се отвора од сите три страни и има подно ладење, а во зима се затвора од сите три страни со стаклена фасада и има подно греење.
Нивниот тим од професионалци создаде менија коишто содржат уникатни јадења, создадени за потребите на гостите, а кои ќе им овозможат незаборавно гастрономско уживање.
А од сега натаму Алликас ќе нуди само уште повеќе и подобро, а вие со задоволство години отсега ќе ги листате вашите стари албуми или фолдери со свадбени фотографии и со пријатна насмевка ќе се сеќавате на свадбената веселба, која била толку совршена и во која не би менувале ниту еден најмал детаљ.
Алликас ви го ветува тоа...