Македонски Телеком ја има најдобрата мрежа, сега потврдено и од Ookla®

Супериорна брзина, најдобро покривање и најдобар квалитет на мрежата...   

makedonski-telekom-ja-ima-najdobrata-mrezha-sega-potvrdeno-i-od-ookla.jpg

Македонски Телеком ја доби престижната Ookla® награда за најдобра мобилна мрежа врз основа на податоците од Speedtest Intelligence® коишто се однесуваат на супериорната брзина на мобилната мрежа, најголемото покривање на територијата на Македонија и најдобриот квалитет на мрежата.

Наградите Speedtest AwardsTM на Ookla® се одраз на реалните перформанси на мрежата и ги потврдуваат интернет брзините и покривањето. Ова интернационално признание им се доделува на оператори со исклучителни перформанси, врз основа на тестови иницирани од корисниците, кои се потврдуваат со апликацииите на Speedtest®.

Резултатите коишто потврдуваат дека мрежата на Телеком е најдобра на тестот се однесуваат на првата половина на 2023 година*.

За најдобро покривање се анализирани 50 530 локации низ Македонија. Македонски Телеком има најдобро покривање, Coverage Score од 796, што е највисок резултат во споредба со конкуренцијата.

Во однос на брзината на мрежата, направени се 83 786 тестови на 19 580 уреди на корисниците на сите мобилни мрежи. Според овие податоци, мрежата на Телеком е и најбрза со резултат Speed ScoreTM од 116,51.

„Оваа награда е потврда за нашата посветеност кон вложувањето во најсовремената и најдобра мрежа. А нашиот мотив е да им пружиме на корисниците врвни услуги и постојана поврзаност секогаш и секаде. Развојот на современата мрежа и технологии е наша стратегија, а ние и понатаму ќе продолжиме да се фокусираме не само на одржување на квалитетот, туку и на проширување на капацитетот на нашата инфраструктура. Само така ќе им излеземе во пресрет на барањата на новото време, ќе имаме задоволни корисници и ќе бидеме двигател на дигитализацијата на општеството“ – истакна Маја Милосавлевска Наумовска, Главен директор за техника и ИТ.

makedonski-telekom-ja-ima-najdobrata-mrezha-sega-potvrdeno-i-od-ookla-02.jpg

Ова е уште едно признание за Македонски Телеком којшто, според корисниците, со години наназад е телекомуникациски оператор што нуди услуги со највисок квалитет (како што покажуваат истражувањата „Перцепција на телекомуникациските оператори“, што ги спроведува ИПСОС).

Супериорноста на мрежата на Македонски Телеком е резултат на долгорочно и стратешко инвестирање, ширење и модернизација. Само минатата година, вложени се над 70 милиони евра во развој на мрежата, спроведувањето на најновите технологии и останати капитални инвестиции. И оваа година, продолжуваме со силен инвестициски фокус, со дополнителни 15 милиони евра капитални инвестиции само во првото полугодие. Телеком ја воведе 5G мрежата минатата година и,  до крајот на оваа година, ќе покрива 70% од населението, а капацитетот на 4G  е зголемен за дури 70%. И оптичката мрежа на Телеком е најголема во земјава. Телеком продолжува да ја зацврснува лидерската позиција со интензивно ширење и инвестирање за да обезбеди најдобра конективност и најквалитетна услуга за своите корисници.

*Потврдено со анализата на Ookla® на податоците од Speedtest Intelligence® за Q1-Q2 2023. Трговските марки на Ookla се користат според лиценца и се репродуцираат со дозвола.

 Повеќе информации за мерењата на следните линкови:

Fastest Mobile Network

Best Mobile Coverage

Best Mobile Network

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg