Почист и поздрав воздух и намалена сметка за струја во лето и зима со Hisense клима уредите
- Детали
- понеделник, 31 јули 2023
Енергетски ефикасниот Hisense инвертер клима уред во секое време од годината ќе обезбеди поздрав и почист воздух во вашиот дом.
Топлото и задушливо летно време, за само неколку минути, можете да го претворите во пријатна средина, која ќе ви овозможи полесно и поздраво да дишете. Во зима побрзо и поевтино ќе се загревате, а за чистење не мора ни да размислувате. Секако, сето тоа се однесува на модерен клима уред, кој денес е практично неопходен за секој дом.
Сепак, изборот на клима уред не е лесна задача, особено сега, кога понудата никогаш не била поголема, а функциите што ги нудат клима уредите не им се баш јасни на повеќето потрошувачи.
Првата работа при изборот на клима уред е да ја дадете вашата доверба на докажан и сигурен бренд. Hisense, премиум бренд на домашна електроника, има четврт век искуство во сегментот на климатизација, а бројните модели на овој производител имаат инвертер мотор, овозможувајќи подобар квалитет и поевтино ладење и греење дури и кога е 20 степени под нулата!
Hisense моделот KE35MR0EG од линијата Hi-Comfort нуди карактеристики кои ќе го подобрат ладењето или загревањето на просторијата, заедно со иновативните функции за поздрав воздух, е сега по намалена цена од 29.999 денари и со промотивна 10 годишна гаранција на инвертер моторот*.
Со стерилизација до почист воздух
HI-UVC технологијата ја разградува структурата на бактериите и вирусите со ултравиолетова светлина, длабоко убивајќи ги бактериите и вирусите во воздухот, но и на/во самиот клима уред. Тестовите на SGS институтот покажуваат дека HI-UVC технологијата стерилизира 99,99% од ешерихија коли и 99,99% од H1N1 (вирусот на инфлуенца) за 30 минути, оставајќи го воздухот поздрав и почист.
Посебната UVC комора, поставена директно на испарувачот, е подолготрајна, троши помалку енергија, не бара претходно загревање и е драстично поеколошка. UVC светлото продира директно во ДНК и РНК на микробите, ја нарушува нивната структура и забранува понатамошна репродукција, а со тоа ги уништува.
Почист и поздрав воздух без прашина и непријатни мириси се постигнува и со користење на 4-во-1 филтерот на Hisense, кој содржи ХЕПА филтер, витамин Ц филтер, филтер со сребрени јони и филтер со катехин (активен јаглен).
Инвертер мотор и функција за самочистење
Јасно е дека климата нема да ја користите само во текот на летото, што го прави паметниот избор за купување уште поважен. Благодарение на инвертер моторот, Hisense Hi-Comfort клима уредот може да се користи за греење дури и кога надворешната температура е -20°C. Греењето на овој начин е енергетски ефикасно и брзо. На температури околу 0°C, кога воздухот е сè уште доста влажен, надворешната единица лесно може да замрзне, што влијае на работата, па дури и може да доведе до дефект. Затоа, грејачот на надворешната единица на Hisense овозможува стабилна работа и го продолжува животниот век на клима уредот со тоа што спречува замрзнување.
Чистењето е исто така поедноставено. Благодарение на новата генерација на хидрофилен заштитен слој на Hisense, прашината, маснотиите и микроорганизмите што се акумулираат може да се отстранат од алуминиумската површина на испарувачот преку циклуси на замрзнување и одмрзнување. На овој начин вашиот Hisense инвертер клима уред ќе го одржува воздухот чист со поголема енергетска ефикасност.
Hisense клима уредите имаат можност за регулирање на температурата, вклучување или исклучување на уредот и поставување на режимот на работа преку паметна гласовна контрола. Дополнителна паметна опција е што преку Wi-Fi конекција и преку апликацијата Connect Life имате можност да ја контролирате климата и кога не сте дома, т.е. да ја вклучите од далечина или да ја програмирате да работи како што ви одговара.
Еколошки одржлив и енергетски ефикасен клима уред
Овој Hisense Hi-Comfort инвертер клима уред има А++ енергетска класа на ладење и наместо традиционални решенија користи фреон R32, кој е ефикасен и поеколошки за употреба.
Главната предност на фреонот R32 е тоа што има поголем капацитет за ладење со истиот волумен. Како резултат на тоа, потребно е помалку средство за ладење во секој уред, па глобалното затоплување исто така се намалува. Предностите на фреонот R32 се што нема влијание врз озонот во воздухот, има 66% помало влијание врз глобалното затоплување во споредба со фреонот R410A, има поголема енергетска ефикасност и има поголема топлинска спроводливост.
Промотивна цена
Свеж воздух доаѓа одвнатре, токму од вашиот Hisense Hi-Comfort инвертер клима уред. Со UVC технологијата за стерилизација, уживајте во највисокото ниво на хигиена на воздухот без да се грижите за вируси и бактерии. Благодарение на моќниот капацитет за ладење и греење (3.300 W/3.200 W) загарантирано е одлично чувство во текот на целата година.
Одличното нешто е што Hisense Hi-Comfort KE35MR0EG инвертер клима уредот моментално е достапен во продажните салони на Сетек и онлајн по намалена цена од 29.999 денари. Освен овој клима уред со 12 BTU (3.5 kW), достапни се и моделите 18 BTU (5.0 kW) и 24 BTU (7.0 kW).
10 годишната гаранцијата на компресорот на овој клима уред е со регистрација на веб-страницата на Hisense Македонија.
* Можноста за десетгодишната гаранција се остварува со регистрирање на уредот на mk.hisense.com во рок од 30 дена од датумот на купување и важи само за клима уредите купени во промотивниот период. Промотивниот период важи од 15.06.2023 година до 31.07.2023 година.