Преку Myiute - Дознај го твојот паричен лимит
- Детали
- четврток, 27 јули 2023
Како докажанo финансиско друштво на нашиот пазар, кое постојано ги следи современите дигитални начини на делување преку транспарентно работење, Иуте Кредит Македонија преку својата сопствена мобилна апликација Myiute овозможи полесна достапност на парични средства за сите корисници на апликацијата.
Имено, таа претставува целосно дигитално решение кое овозможува најбрзо да се дознае и користи износот на предодобрениот паричен лимит со само неколку кликови од мобилен телефон.
Тоа значи дека потенцијалниот клиент може да аплицира за предодобрен паричен лимит со пополнување на неколку основни податоци во самата апликација, и веднаш штом истиот му биде одобрен на располагање, може да го користи во секое време во иднина кога ќе посака и кога ќе има потреба.
Myiute нуди голем број на поволности за корисниците - преку оваа апликација може да се следи статусот на кредитот и да се плаќаат месечните рати, а во рамките на апликацијата достапни се и голем број понуди од нивните трговски партнери.
Зошто предодобренот паричен лимит на Myiute е одлична можност за корисниците?
Можеме да истакнеме повеќе бенефити:
- Преку многу кратка и брза постапка со внесување на 5 основни лични податоци во самата Myiute апликација го дознавате својот паричен лимит. Нема потреба да поднесувате апликација за кредит.
- Купување без притисок - бидејќи предодобрената сума во рамките на паричениот лимит за купување во широката партнерска мрежа секогаш е загарантирана за клиентот.
- Користење на паричниот лимит во секое време - секогаш таму каде е достапен iutePay како средство за плаќање. Апликациите за однапред одобрени кредити од трговската мрежа на Iute партнери секогаш се одобруваат 24/7, дури и за викенди и празници.
- Одлична можност да ги купите посакуваните производи или услуги сега и да почнете да плаќате за нив од наредниот месец.
Како до паричен лимит?
- Преземете ја Myiute
- Отворете ја апликацијата и пополнете податоци
- Очекувајте потврден повик од контакт центарот
- Потпишете договор преку апликацијата
- Средствата веднаш се на располагање за користење
Повеќе информации за овој тип на услуга се достапни на следниот линк: https://iutepay.mk/pay-later/