АСОМ: Успесите и насмевките на учесниците не мотивираа да ја продолжиме кампањата „Вложуваме во млади таленти“
- Детали
- вторник, 25 јули 2023
Одличните резултати кои ги донесе првиот циклус на кампањата „Вложуваме во млади таленти“ иницирана од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), беше причина кампањата да продолжи и оваа година.
Станува збор за кампања која се реализира во рамки на општествената одговорност на AСОМ, која обезбедува поттик и поддршка за развој на младите таленти, и тоа од областа на спортот, науката и уметноста.
Минатата година во рамки на кампањата беше обезбедена финансиска поддршка за развој на талентот на малиот математички гениј Македон Димитровски, инспиративната Марија Савеска и повеќекратниот првак во пливање Димитар Бошнаков.
„Сите учесници во првиот циклус на нашата кампања добија поддршка токму во оној аспект кој им беше најпотребен за унапредување на нивниот талент, што резултираше со бројни учества на натпревари, освоени златни медали и претставување на нашата земја во најдобро светло. Нивните успеси и насмевки не мотивираа да продолжиме и со втор циклус. “- истакна Васко Илијевски, претседател на АСОМ.
Младите таленти кои беа учесници во кампањата, добија финансиска поддршка за надградба на своето знаење, техничка опрема за развој на своите вештини, како и средства за патувања на натпревари и фестивали каде можеа да ги презентираат нивните таленти.
Оваа кампања предизвика голем интерес кај родителите на кои им е потребна поддршка за развој на талентот на нивното дете, што резултираше со бројни пријави за учество. Токму затоа вториот циклус на кампањата наскоро ќе започне со промоција и поддршка на млад талент кој беше еден од пријавените.
Со продолжувањето на кампањата „Вложуваме во млади таленти“, АСОМ уште еднаш покажува дека е активен чинител во општеството кој дава значаен придонес во заедницата. Асоцијацијата заедно со своите членки ќе продолжи да работи одговорно, да создава услови за работа и кариера, да придонесува во економијата и активно да делува на полето на општествената одговорност.