Извлечени најсреќните потрошувачи од втората етапа на наградната игра „ЧЕКОР ДО ЗЛАТНА ДОБИВКА”
- Детали
- понеделник, 24 јули 2023
Ивана Шикоска од Скопје е вториот добитник на автомобилот Kia Rio 2023, од наградната игра „ЧЕКОР ДО ЗЛАТНА ДОБИВКА” организирана од Жито Маркети.
Покрај автомобилот кој е главна награда во првите три извлекувања, викендов на пригодната забава којa се одржa пред маркетот Жито Ване во Велес беа доделени и 35 вредносни ваучери од по 3.000 денари, 35 вредносни ваучери од 5.000 денари и 5 телевизори.
Извлекувањето на добитниците беше емитувано во живо на Facebook страницата на Жито Маркети, а за регуларноста на целиот процес беше задолжена петчлена комисија.
Иако вториот круг од наградната игра која стартуваше пред два месеца и е организирана по повод 35-тиот роденден на Жито Маркети заврши, потрагата по добитниците на главната награда на пет златни плочки од по 100 грама и една плочка од 500 грама сѐ уште трае.
Не заборавајте, неизвлечените купони од првото и второто извлекување ќе бидат вклучени во третата етапа која е во тек и трае од 15.07.2023 до 15.08.2023, а извлекувањето ќе се спроведе на 26 август.
Добитниците на златните плочки пак ќе се дознаат на главното извлекување кое ќе биде на 30 септември 2023 година, при што ќе биде организиран голем настан со забавна програма и гости, на кој ќе се извлекуваат главните награди.
Купувајте во Жито Маркети и бидете дел од „ЧЕКОР ДО ЗЛАТНА ДОБИВКА“
Имињата на добитниците од второто извлекување се објавени на веб страницата на Жито Маркети и можете да ги погледнете на следниот линк: https://zito.com.mk/dobitnici2-cekor-do-zlatna-dobivka