Злато за Петар Заборски и две бронзи за каратистите на „Макпетрол“ на европската универзијада

Скопје, 23 јули 2023 - Нов европски универзитетски карате првак е Петар Заборски од скопски „Макпетрол“. Во финалето во категоријата под 75 килограми на Eвропското универзитетско првенство за боречки спортови во карате во Загреб, тој славеше со 2-0 против Константин Јаненко од Украина.

zlato-za-petar-zaborski-i-dve-bronzi-za-karatistite-na-makpetrol-na-evropskata-univerzijada-01.jpg

За студентот на безбедност на Универзитеот „Свети Климент Охридски“ од Битола ова е втор златен медал во третото студентско финале. Во Коимбра, Португалија, 2015 година, тој освои златен медал, а во Загреб 2017 се закити со сребрено одличје.

zlato-za-petar-zaborski-i-dve-bronzi-za-karatistite-na-makpetrol-na-evropskata-univerzijada-02.jpg

Членовите на карате-клубот „Макпетрол“, Давид Петков и Петар Спасеновски, исто така, освоија медали на реномираниот спортски собир во Хрватска. И Петков и Спасеновски се закитија со бронзени признанија во своите категории. Давид Петков се избори за бронза откако славеше против Словакот Матеј Хомола. Петар Спасеновски (-84 кг) се пласира на третата позиција откако го совлада Леон Марциуш од Хрватска.

zlato-za-petar-zaborski-i-dve-bronzi-za-karatistite-na-makpetrol-na-evropskata-univerzijada-03.jpg

На Eвропското универзитетско првенство на боречки спортови, што се одржа во Загреб, учествуваат 1.500 спортисти од 395 универзитети од 30 европски држави.

Освен во карате, се одвиваат натпревари и во џудо, таеквондо и кикбокс.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg