{Заедно} за подобро утре: дм дрогерие маркт распишува конкурс за иницијативи од областа на женското здравје

Во понеделник, 10 јули, дм дрогерие маркт распиша конкурс на кој може да се пријават проекти чија цел е давање придонес кон подобрување на здравјето на жените. На веб страницата dm-zaedno.mk од 10 јули до 20 август 2023 отворени се пријави за проекти од областите за унапредување и зачувување на физичкото и менталното здравје на жените и унапредување на квалитетот на живот.

zaedno-za-podobro-utre-dm-drogerie-markt-raspisuva-konkurs-za-inidijativi-od-oblasta-na-zenskoto-zdravje.jpg

„Една од најважните области во која dm инвестира долги години е подобрување на здравјето на нашите сограѓани и здравствената заштита која им е достапна. Со отворениот конкурс {ЗАЕДНО} за подобро утре сакаме да го свртиме вниманието на темите и предизвиците со кои се соочуваат жените во нивниот приватен и професионален живот и да поддржиме проекти кои долгорочно ќе имаат позитивен ефект врз нивното здравје и благосостојба. На овој начин сакаме да влијаеме на квалитетот на животот на што е можно повеќе жени“ – изјавија од компанијата по повод распишувањето на овој конкурс и лансирањето на кампањата за женското здравје.

Целта на овој конкурс е да се избере и да се поддржи реализацијата на проекти кои ќе придонесат за унапредување, развој и подобрување на здравствените и социјалните аспекти на здравјето на жените од сите возрасни групи.

Невладините организации, институциите, единиците на локалната и регионалната самоуправа, непрофитните правни лица можат да регистрираат проекти насочени кон поттикнување на поздрав начин на живот и спречување на болести кои ги погодуваат жените, иницијативи за подобрување на физичкото и менталното здравје на жените и образование.

Помеѓу пристигнатите апликации, dm ќе ги избере и поддржи оние проекти кои се издвојуваат по нивниот квалитет и оригиналност и кои долгорочно и во најголема мера ќе придонесат за здравјето и благосостојбата на жените во Македонија.

Правилата и условите на конкурсот {ЗАЕДНО} за подобро утре и критериумите за избор се достапни на веб-страницата dm-zaedno.mk каде ќе бидат објавени сите валидни апликации пристигнати за време на конкурсот, како и детали за проектите избрани како дел од натпреварот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg