„Off Road“ авантура со Аутомакедонија - Новото 100% електрично Korando, Korando и Musso низ терените на Барово

Аутомакедонија, водечкиот дистрибутер на корејскиот бренд SsangYong во Македонија, организираше "Off Road" настан за прв пат посветен на новинарите и го обележа влезот на новото 100% електрично Korando на македонскиот пазар.

off-road-avantura-so-automakedonija-novoto-100-elektrichno-korando-korando-i-musso-niz-terenite-na-barovo-01.jpg

Турата на нерамен терен започна од салонот на Аутомакедонија, а SsangYong автомобилите беа испробани на еден поинаков терен, далеку од градските улици се до прекрасниот регион Барово. Присутните имаа можност да ги возат различните модели Korando и Musso и да ги испробаат нивните перформанси на рамен и нерамен терен, како и за прв пат да се запознаат со новото електричното Korando. Овој настан ја поддржува постојаната ангажираност на Аутомакедонија за нудење на квалитетни возила и иновативни решенија на македонскиот автомобилски пазар.

off-road-avantura-so-automakedonija-novoto-100-elektrichno-korando-korando-i-musso-niz-terenite-na-barovo-02.jpg

„Не случајно го одбравме Барово како идеален терен за презентација на SsangYong возилата како и одлична прилика да го претставиме новиот дел во нашето портфолио на возила - електричното Корандо. Ова иновативно возило нуди не само еколошки пријателско возење, туку и неверојатен комфор, простор и перформанси. Сигурни сме дека ќе им пружи неповторливо искуство на нашите клиенти и дека ќе ја задоволи нивната желба за модерни и напредни автомобили.“ – изјави Билјана Јанчевска, маркетинг менаџер на Аутомакедонија.

off-road-avantura-so-automakedonija-novoto-100-elektrichno-korando-korando-i-musso-niz-terenite-na-barovo-03.jpg

Аутомакедонија, со повеќе од 75 години постоење на македонскиот пазар, продолжува да биде предводник во промовирањето на иновациите и одговорноста кон околината, со посветеност да го понуди најдобриот избор на возила и услуги на македонските клиенти.

off-road-avantura-so-automakedonija-novoto-100-elektrichno-korando-korando-i-musso-niz-terenite-na-barovo-04.jpg

SsangYong е бренд кој носи корејски перфекционизам во своите автомобили. Изработени во Кореа, овие возила го обезбедуваат врвниот квалитет и иновации што се очекуваат од еден светски признат производител.

off-road-avantura-so-automakedonija-novoto-100-elektrichno-korando-korando-i-musso-niz-terenite-na-barovo-05.jpg

off-road-avantura-so-automakedonija-novoto-100-elektrichno-korando-korando-i-musso-niz-terenite-na-barovo-06.jpg

off-road-avantura-so-automakedonija-novoto-100-elektrichno-korando-korando-i-musso-niz-terenite-na-barovo-07.jpg

off-road-avantura-so-automakedonija-novoto-100-elektrichno-korando-korando-i-musso-niz-terenite-na-barovo-08.jpg

off-road-avantura-so-automakedonija-novoto-100-elektrichno-korando-korando-i-musso-niz-terenite-na-barovo-09.jpg

off-road-avantura-so-automakedonija-novoto-100-elektrichno-korando-korando-i-musso-niz-terenite-na-barovo-10.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg