„Следи го сопствениот ритам“ – dm дрогерие маркт со нова кампања која има за цел подобрување на здравјето на жените

Преку индивидуални совети, голема понуда на дигитални теми и соработка со стручни лица, dm сака да ја подигне свеста за женското здравје и да влијае кон негово подобрување.

sledi-go-sopstveniot-ritam-dm-drogerie-markt-so-nova-kampanja-koja-ima-za-cel-podobruvanje-na-zdravjeto-na-zhenite-01.jpg

Компанијата дм дрогерие маркт, која е препознатлива по својот општествено одговорен пристап, како и континуираната посветеност на зајакнувањето на заедницата, ова лето започна сеопфатна кампања посветена на социјалното, менталното и физичкото здравје на жените.

Со почетокот на месец јули, под слоганот „Следи го сопствениот ритам“ dm дрогерие маркт го означи почетокот на широката иницијатива за подигнување на свеста за женското здравје: Во дванаесет земји во кои dm е присутен на пазарите, во период од неколку месеци, фокусот е на физичкото, менталното и емоционалното здравје на жените. Дополнително, dm сака да привлече внимание кон социјалните фактори кои се особено релевантни за здравјето на жените.

Сакаме да дадеме поттик за поздрав живот, да пружиме помош, да се занимаваме со табу теми и да привлечеме внимание на новите случувања и трендови. Околу 90 проценти од нашите купувачи и вработени се жени, па токму затоа оваа тема ни е посебно драга. Сакаме да се посветиме на грижата за женското здравје како дел од една сеопфатна иницијатива која ќе опфати повеќе сегменти од проблемите со кои се соочуваат жените“ – изјавија од компанијата по повод лансирањето на новата кампања.

Од жени за жени

Во соработка со стручни лица од повеќе области како гинеколози, советници за исхрана, ментални и фитнес тренери, како и други експерти, dm во наредните месеци ќе обработува одбрани теми од жени за жени. Широкиот опсег на теми, почнувајќи од физичко здравје и исхрана, нега на кожа, бременост и пост-породилни предизвици, па сѐ до ментално здравје се фокусира на женското зајакнување, грижата за себе и позитивниот став кон сопственото тело. Од почетокот на месец јули на своите канали и во самите дрогерии dm ќе обезбедува информации со кои сака позитивно да влијае на женското здравје и да ја поттикне свеста за тоа, како да се грижиме за себе.

{Заедно} за подобро утре – Конкурс за поддршка на женското здравје

Како дел од кампањата за женско здравје, дм дрогерие маркт распиша и конкурс, преку кој ги повикува сите институции, здруженија и установи (јавни и приватни) кои имаат свој проект, кој има за цел подобрување или зачувување на физичкото или менталното здравје на жените. Сите заинтересирани може да се пријават и да учествуваат со свој нов или веќе постоечки проект со пополнување на барањето на следната веб страната dm-zaedno.mk , а најсоодветните проекти ќе бидат одбрани од страна на компанијата и ќе ја добијат бараната поддршка во форма на производи или делумно или целосно финансирање на проектот. Конкурсот трае до 20 август, а компанијата ги охрабрува сите заинтересирани да земат активно учество во конкурсот со цел создавање на подобри услови за развој и поддршка на женското здравје.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg