Крводарителска акција во Државна лотарија

krvodaritelska-akcija-vo-drzavna-lotarija.jpg

Како општествено одговорна компанија, денес се оддржа крводарителска акција во Државна лотарија во која учествуваа голем број вработени лица во дарување на најскапоцената течност.

Во соработка со Црвен крст и со Институтот за трансфузиона медицина, Државна лотарија организираше крводарителска акција која има тенденција да премине во традиционален чин на хуманост во компаниските редови.

Крводарителството е доброволен чин и индивидуален одраз на хуманост и на солидарност. Крводарител може да биде секое лице на возраст од 18 до 65 години со добра општа здравствена состојба. Според критериумите за крводарување, мажите може да даруваат крв на секои 3, а жените на секои 4 месеци. Едно крводарување може да спаси 3 до 4 човечки животи.

Со негување на традицијата на компаниски крводарителски акции, Државна лотарија ги потврдува својата заложба и посветеноста за унапредување на корпоративната општествена одговорност.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg