Инвестирањето во младите и технологијата е „вајбот“ на иднината

Со активно промовирање на жените во лидерски улоги, Шпаркасе Банка ја зајакнува својата заложба за поттикнување на средина, каде се негуваат талентот и потенцијалот, без разлика на полот.

investiranjeto-vo-mladite-i-tehnologijata-e-vajbot-na-idninata-1.jpg

Оваа посветеност на родовата колоритност на лидерските позиции во Шпаркасе Банка, не е само одраз на основните вредности на банката, туку и се усогласува со глобалните визии за промовирање на инклузивноста и еднаквите можности на работното место.

Со длабоко разбирање на еволуирачкиот финансиски матрикс и предизвиците со коишто се соочуваат поединците во нивните финансиски патувања, Катерина Јанковиќ -  Директор на сектор население во Шпаркасе Банка, е инспирација и одличен рол-модел за идните професионалци, кои сакаат да остават свој кариерен белег.

investiranjeto-vo-mladite-i-tehnologijata-e-vajbot-na-idninata-2_copy.jpg

„Младите се нашата иднина и нив треба да ги поддржиме токму кога им е потребно, да ги научиме како полесно да запловат во периодите од животот во коишто тие се креатори и носители на нивната финансиска стабилност. Токму затоа, Шпаркасе Банка го креираше пакетот „Vibe оn“, целосно бесплатен и специјално дизајниран за да ги задоволи потребите и преференциите на младите на возраст од 15 до 25 години. Овој пакет нуди низа практични и корисни функции за поддршка на младите во нивното финансиско патување, едукација во насока на финансиска стабилност и самостојност. „Vibe on“ обезбедува сметка за плаќање што им овозможува на младите поединци ефикасно да управуваат со своите финансии, им овозможува да користат мобилно банкарство, да примаат средства и лесно да вршат разни трансакции во земјата. Дополнително, пакетот им овозможува на младите луѓе користење и на дебитна картичка, односно, сигурен и глобално прифатен начин на плаќање. „Vibe on“е производ, којшто има единствена цел, а тоа е да го следи комфорот, којшто го диктираат, а притоа да немаат никаков финансиски издаток за тој производ. Шпаркасе Банка го креираше овој пакет со цел да ги мотивира младите да се приклучат и да движат на „вајбот“ на банката, којашто ги слуша нивните потреби и инвестира во нивната иднина,“ изјавува Јанковиќ.

Јанковиќ верува дека желбата за подобра иднина е камен темелник на личниот и општествениот просперитет, а нејзината страст за позитивно влијание во животите на луѓето, ги поттикнува нејзините иницијативи во Шпаркасе Банка.

За дигитализацијата во Шпаркасе Банка перспективата на Јанковиќ и е исто така во иновативна насока.

investiranjeto-vo-mladite-i-tehnologijata-e-vajbot-na-idninata-3.jpg

„Живееме во време во кое има високо интензивен технолошки развој, којшто го трасира патот по кој секој треба да се движи. Така и за нас, дигитализацијата е клучен приоритет, бидејќи веќе е докажано дека ја подобрува ефикасноста, но и пристапноста за нашите клиенти. Континуирано инвестираме во технологијата за да ги автоматизираме и оптимизираме нашите внатрешни процеси, а со тоа да го подобриме и целокупното банкарско искуство. Она што несомнено е наше секојдневие е очекувањата на секој поединец потребите да ги заврши брзо, едноставно, удобно. Во таа насока, во сите наши активности, тежнеат решенијата, коишто ги развиваме да бидат користени од нашите клиенти, за што вложуваме и ќе вложуваме сѐ повеќе ресурси кон едукација и поддршка. Имаме разни групи на клиенти, од помлада категорија, кои едноставно користат само она што е дигитално, до друга возрасна група на клиенти, каде нашата поддршка е предуслов за креирање на корисничко искуство. Дигиталните канали, вклучувајќи го и мобилното банкарство, овозможуваат пристап до сметката во секое време, контрола и извршување на сите видови на трансакции, управување со картици, интерни трансфери, како и можности за штедење. Имајќи во предвид дека тоа стана основна алатка за функционирање, постојано инвестираме во развој на нови функционалности, за кои оценивме дека нашите клиенти ќе имаат значајна корист, како можности за да се „подели сметка“, „плати на пријател“, како и подобрувања на самиот визуелен изглед, коишто водат кон симплификација и едноставност. Мобилното банкарство не само што обезбедува погодност, туку и ја намалува потребата за физичка посета на експозитури и процеси, базирани на хартија, како и намалување на сообраќајниот метеж, со што се намалува и емитувањето на CO2 – со тоа заеднички придонесувамe за одржлив систем. Дигитализацијата, како една од стратешките определби на банката, е во движење со нашите процеси за заштита на животната средина, заштеда на времето на нашите клиенти и заштедата на средства,“ е ставот на Јанковиќ.

Катерина Јанковиќ е високо остварен професионалец во областа на финансиите, со сеопфатно искуство, позната по нејзината посветеност на развој и поддршка на тимот, обезбедување на исклучителни искуства на клиентите и иновативни решенија токму за нив. Нејзините силни лидерски вештини и стратешка визија, се одличен пример за инспиративна кариера и лидерство во банкарската индустрија.

investiranjeto-vo-mladite-i-tehnologijata-e-vajbot-na-idninata-4_copy.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg