Еве зошто новото Insta Grand кафе е токму она што ви треба!
- Детали
- четврток, 06 јули 2023
Понекогаш, се’ што ви е потребно во животот е една шолја добро, вкусно кафе! Уште ако може да се подготви брзо и лесно, што е сосем реална желба земајќи го предвид забрзаното темпо на живот, а покрај тоа има и изненадувачки добар вкус, како новото Insta Grand инстант кафе – тогаш веќе имате три причини зошто ова кафе би требало да се најде на вашата шопинг листа. Гранд кафе во својата линија на инстант кафиња има дури три нови вкусови, кои се карактеристични по својата заводлива, богата и софистицирана нота, како и брзата и едноставна подготовка.
Новото и освежено портфолио на инстант кафиња сега има три нови варијанти: Classic, Gold и Crema, а секој од овие вкусови има своја единствен вкус и опојна арома, на која ниеден искрен љубител на кафето нема да остане рамнодушен. Лесно е да ги забележите на полиците во маркетите, по нивната модерна, смела и автентична амбалажа, но она што навистина ги издвојува од сите други кафиња е изненадувачки добриот вкус кој нуди максимално уживање.
Затоа, без разлика на тоа дали сте љубители на класичното кафе или пак сакате нешто помоќен вкус, па дури и вашата желба да е кремасто кафе со полн вкус, Insta Grand има за секого по нешто.
Insta Grand Classic: Има препознатлива богата кафена арома, совршена за било која прилика. Аромата на ова кафе е примамлива и раскошна, а подготовката е толку едноставна – само додадете топла вода, промешајте и уживајте во моментот. За уште поубав и заокружен вкус, комбинирајте со млеко.
Insta Grand Gold: Ова кафе ќе ве освои на првата голтка, особено откако ќе ја почувствувате неговата арома. Како и не би, кога се работи за кафе од премиум сегментот! Овој топол пијалак претставува совршена рамнотежа на нежни тонови на кафе и впечатлива горчина, својствена само за кафињата од највисок квалитет.
Insta Grand Crema: Кафе со богата, густа пена. Совршено е за комплетно уживање, а ги освојува и најпребирливите непца, бидејќи нејзиниот сјаен вкус надополнет со богата и долготрајна крема која се топи в уста!
Изненадувачки добриот вкус со нагласен карактер на овие кафиња е вистинска авантура за искусните кофеински хедонист, бидејќи секој може да си го најде вкусот кој му одговара. А со неколку коцки мраз, може да бидат добредојдено разладување во топлите летни денови.
Едно е сигурно: Новите Insta Grand вкусови ќе ве изненадат со мирисот и вкусот на вистинско кафе!