Болката во нозете предизвикува исцрпеност - има решение

Голем дел од луѓето секојдневно се соочуваат со болка во нозете. Ги чувствуваат тешки, отечени, како долг период да носеле потпетици или да трчале десетици километри.

bolkata-vo-nozete-predizvikuva-iscrpenost-ima-resenie-01.jpg

Постојат повеќе начини за третирање на болката. Еден од начините е и употреба на лек, изработен на природна база кој го намалува чувството на тежина и оток во нозете.

Женската популација за жал е повеќе изложена на овој проблем поради зголемениот број на обврски, како во домот така и на работното место.  „Нозете честопати ги чувствувам тешко, како да сум истрчала десетици километри, како да сум учествувала на маратон“ - ова е честа изјава кај голем број на жени и девојки, кои се соочуваат со болка во нозете. Teжината во нозете придонесува и за исцрпеност, чувство на нервоза, со што се отежнува дневното извршување на обврските.

Голем дел од жените се обидуваат да ја надминат болката во нозете, така што ги поткренуваат на повисока позиција, за да се намали отокот. Оваа т.н. вежба придонесува да се подобри протокот на крвта, како и да се намали чувството на тежина во нозете.

Исто така, носењето на високи потпетици и континуираното стоење во место може да придонесе за болка во нозете. Со овој проблем се соочени голем број на жени и девојки, кои имаат динамична работа и постојано се во движење.

Сепак, најдобро е да делуваме превентивно. Тоа е вистинскиот пристап за да се намали болката во нозете и чувството на тежина и да се спречи прогресијата на болеста.

Со правилното и континуирано вежбање го стимулираме движењето на крвта низ нозете и ги зајакнуваме мускулите што значително помага при подобрување на циркулацијата.

bolkata-vo-nozete-predizvikuva-iscrpenost-ima-resenie-02.jpg

Редовните прошетки, исто така можат благотворно да делуваат, не само за заштита на вените на нозете туку на целиот организам. Истите придонесуваат и за зајакнување на коските, го регулираат нивото на шеќер во крвта и влијаат на чувството на болка.

Сепак, ако хроничната венска болест и болката во нозете не можете да ја избегнете, постојат веноактивни препарати кои можат да помогнат. Се препорачува употреба на лек, кој е од природно потекло, се издава без рецепт и на ефикасен начин се справува со сите симптоми на хроничната венска болест.

Лекот ја намалува болката, чувството на тежина и оток на нозете.

Дознај повеќе: https://www.flebaven.mk/

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg