Концептот на намалување на штети е клучот за иднината без чад

Пушењето цигари претставува глобален проблем од кој директно се засегнати околу една милијарда пушачи, но и огромен број непушачи кои се наоѓаат во нивна непосредна близина. Сите релевантни податоци покажуваат дека пушењето е еден од главните ризик-фактори за развој на најраспространетите заболувања, поврзани со смртност во развиените земји, а тоа се кардиоваскуларните болести и карциномот. Целосното откажување од пушење е најдобрата опција, но и покрај свесноста за штетното влијание што оваа лоша навика го има врз здравјето на пушачите и нивната околина, голем број луѓе сѐ уште не се откажуваат од цигарите од различни причини.

konceptot-na-namaluvanje-na-steti-e-klucot-za-idninata-bez-cad.jpg

Концепт за намалување на штети од користење на тутунот се појави како пристап кој може да помогне во намалувањето на штетните ефекти од употребата на тутунот, а е во согласност со активностите за унапредување на јавното здравје. Концептот е резултат на прагматичен и рационален пристап, заснован врз логиката дека ако една појава, како што е зависноста од тутун, не може да се спречи, затоа што поединците не се откажуваат од пушењето, тогаш е потребно да се побараат алтернативни решенија со кои ќе се намалат негативните ефекти.

Со оглед на фактот што откажувањето од цигарите оди многу тешко и покрај зголемувањето на цените и други рестриктивни мерки, многу земји се свртуваат кон стратегија за намалување на штетите од тутунот. Примената на концептот за намалување на штети од пушењето добива се поголема поддршка во експертските и здравствените кругови како средно решение, токму во случаите кога целосната елиминација не е можна.

Тоа е ставот на Александра Георгиева, специјализант на клиниката за кардиологија во Скопје и претседателка на Здружението на лекари специјализанти, која смета дека оние пушачи кои не можат или не сакаат да се откажат од цигари, да имаат точни информации за алтернативите и врз основа на тие информации да можат полесно да донесат одлука за преминување на помалку штетен начин на консумирање на никотин..

„Кај оние граѓани каде што никако не можаме да делуваме во смисла на комплетно прекинување на навиката за пушење и кои што имаат многу долг пушачки стаж, постои така наречена програма, односно примена концепт на намалување на штетите. Се работи за концепт што подразбира редуцирање на ризикот од штетни последици по здравjето каj навики кои што не можаме комплетно да ги изолираме. Без разлика дали станува збор од здравствен аспект или од социо-економски аспект. Кога говориме конкретно во правец на пушењето, тоа подразбира некаква супституциjа на испорака на никотинот, што всушност ја предизвикува зависноста. Кај нас веќе постојат вакви производи без чад, но постојат и разлики кај концептот на нивно функционирање. Електронските цигари загреваат течност, која може, но не мора да содржи никотин, додека уредите за загревање го загреваат, наместо да го согоруваат тутунот. Уредите за загревање се базираат на технологија за контролирано загревање и не создаваат чад и катран, туку аеросол кој, за разлика од чадот од цигарите, содржи значително помалку и пониски нивоа на штетни и потенцијално штетни материи.“, вели Георгиева.

Според неа, никотинот создава зависност, но не е главниот причинител на болестите поврзани со пушењето.

„Сличноста помеѓу овие производи и цигарите е што наjголем дел од нив содржат никотин, кој не е без ризик и претставува главната причина поради која луѓето пушат. Но, од друга страна, никотинот не е главната причина за создавање на болести предизвикани од пушењето. Всушност, многу пропратни супстанци кои што се наоѓаат во чадот од цигарите се одговорни за развој на голем број болести. Во чадот од цигарите има преку шест илjади штетни материи кои имаат штетно влијание и каj активните и каj пасивните пушачи, односно во околината. Предноста каj овие електронски уреди е дека се испушта аеросол, кој е помалку штетен за разлика од чадот, затоа што кај овие производи целосно е елиминиран процесот на согорување.“ децидна е Георгиева.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg