Вработените од Mozzart на работилница против насилство врз жените и семејно насилство
- Детали
- понеделник, 03 јули 2023
Во просториите на компанијата Mozzart, одржана беше работилница против насилство врз жените и семејно насилство.
Претставнички од националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, ги запознаа вработените со формите на насилничко однесување и ги едуцираа за тоа каде можат да пријават и каква помош им е достапна на жртвите.
Во отворена дискусија присутните разменија мислења за проблемот со семејното насилство.
Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство нуди сеопфатни услуги согласно индивидуалните потреби на самите жртви.
Визијата на Мрежата е да создаде општество без насилство, во кое жените ќе можат целосно да ги развиваат своите потенцијали и активно да учествуваат во креирањето на заедници на еднакви можности.
Ова е прва работилница која Национална мрежа против насилство врз жените и семејното насилство ја одржа пред вработените во компанијата Mozzart.
Регионалниот лидер во приредувањето игри на среќа пред само неколку месеци донираше финансиските средства за непречено функционирање на Женскиот центар за поддршка – Скопје.