Загарантирано тридневно уживање на Д-Фест
- Детали
- сабота, 01 јули 2023
Почетокот на летото официјално е крунисан со Д-Фест во Дојран – тридневно уживање кое ги сплотува младите со музика и уметност и дефинитивно е вистинското место за овој викенд, особено ако забава и дружба се твоја дефиниција за лето без граници. А, доколку сте овде, не заборавајте да ги посетите зоните на IQOS каде што, како и јас, ќе доживеете еден поинаков стадиум на фестивалско доживување.
Првиот ден помина и повеќе од одлично, богата музичка програма, дружба со посетители од Македонија и целиот свет, о и бројни забавни активности, особено во зоните на IQOS Together X – chill зона во камп и main stage.
Она што ми се допадна најмногу е што ние, корисниците на IQOS, имавме можност уште пред почетокот на фестивалот да гласаме на iqos_mk и да го избереме искуството кое го посакуваме, од избор на пијалок за освежување до артистичко искуство body paint - коe сега е вистинска атракција на фестивалот!
Совршеното место за одмор во камп ми е IQOS Together X chill зоната, ладовинка под сенка, лимонада на lazy bag и уживање со цело друштво. Имав и можност да го исчистам и наполнам мојот IQOS уред и да сум спремен за вечерната забава.
Програмата на Main stage започна во 21 часот и траеше до утринските часови.
Најголем хит се Инстаграм фотките од сите посетители направени во IQOS TOGETHER X зоната на Main stage.
Најпрво со друштвото си го исцртавме телото со дизајни креирани од вештачка интелигенција, а потоа позиравме во Instagram corner. Омилените IQOS нијанси со кои се обоивме оживеаја со достапните UV lights!
Уживавме во забавата до раните утрински часови и незаборавното искуство кое го нуди фестивалот оваа година!
Едно е сигурно, продолжуваме со добра музика и дружба и денес и утре, а ние остануваме во Дојран да креираме спомени за кои долго ќе се раскажува.