Караванот започна: Со Credissimo секогаш добиваш „tantissimo“!

Со календарскиот почеток на летото, Credissimo го започна својот долго очекуван караван, „Ma tantissimo со Credissimo“. Летото во Скопје започна со „tantissimo“ доделени топки gelato, а Credissimo уште еднаш ја донесе Италија поблиску до сите нас.
karavanot-zapocna-so-credissimo-sekogas-dobivas-tantissimo-01.png

Првата точка од каде што започна овој караван беше „Градскиот парк“ во Скопје, каде на случајни минувачи им беа доделени ваучери со кои си зедоа бесплатен gelato од Scoop Artisan Gelato.

Посетителите на паркот имаа можност да се вклучат во дарување организирано од Credissimo. А наградата беше бесплатен сладолед цело лето! Среќниот добитник беше објавен на стори на Instagram профилот на Credissimo [@credissimo_mk].

Сите кои што имаат ваучер од настанот и не го искористиле, може да го искористат до 13.08.2023 во продажните места на Scoop Artisan Gelato.

Во наредниот  месец  караванот нема да застане само тука, туку ќе помине и низ Охрид, Битола и Штип!

Сите кои се заинтересирани да учествуваат во наградната игра „Ma tantissimo со Credissimo“ и да станат еден од потенцијалните добитници на главната награда, патување во Италија, може да се вклучат  до 13.08.2023. Освен патувањето во Италија, Credissimo доделува уште „tantissimo“ вредни награди. Сè што треба да направите е да аплицирате за кредит со 0 % камата за 3 месеци.

За да бидеш во тек со најновите информации, кој ден точно караванот ќе помине низ твојот град, заследи ги Credissimo на социјалните мрежи Facebook [@credissimo.mk ] и Instagram [@credissimo_mk].

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg