Дали кога е облачно ни треба крема со заштитен фактор?
- Детали
- четврток, 29 јуни 2023
Она што е важно пред се за заштита на кожата е фактот дека кремите за сончање го зачувуваат здравјето на кожата.
Во последните години значењето на заштитата од сонце станува добро воспоставен дел од секојдневната рутина на многу луѓе. Внимателно се нанесува крема за сончање во топлите денови за да се заштитиме од штетните ултравиолетови (УВ) зраци. Па оттука се раѓа и дилемата, но што кога е облачно?
Многу пати облачното време се поистоветува со отсуство на УВ зраци. Сонцето се крие зад облаците и тие не нудат заштита од УВ зрачењето. Земјата, вклучувајќи ги и облаците филтрира само дел од штетните зраци, останатиот дел сепак можат да и наштетат на кожата. Спротивно на популарното мислење, облаците можат само да ублажат дел од УВ зрачењето.
Кога е надвор облачно дури 80% од зраците ја поминуваат облачната покривка и стигнуваат до кожата. Со долгорочна изложеност на сонце (па дури и затскриено) може да настане и трајно оштетување на кожата.
Создавање на рутина за користење на крема за сонце е храна за кожата, особено ако се внимава кој производ или колекција се нанесува.
Познатите медицински козметички линии, како новата колекција за заштита од сонце на Еуцерин, внимаваат целокупниот процес да биде запазен, од чистење на лицето, па се до нанесување на заштитната крема. Кремата за сонце треба да се остави да се впие, пред веднаш да се излезе надвор.
Кремата за сонце се нанесува под шминката и другите производи. Повторување на нанесувањето е неопходно, па затоа се препорачува овие креми да се носат во чантата, на тој начин ќе се одржи штитот од штетните УВ зраци.
Ваков вид на производ е тајно оружје во борбата за здрава кожа и дел од лично, автентично патување во секојдневната нега на кожата.