Летен такси хит од бате Стрезо и Стефче

leten-taksi-hit-od-bate-strezo-i-stefche-01.jpg

ТВ Такси 28 е новата серија што се снима во брендираното комбе кое веќе стана препознатливо по улиците на главниот град, а видеата со ликовите на Ана, Стефан и Стрезо сигурно сте ги забележале на социјалните мрежи.

Серијата ве води низ интересни и различни теми кои се занимаваат со културата на живеење и вредностите кај нас и во Европа, а се емитува секоја сабота во 9.30 часот наутро на МТВ 1.

leten-taksi-hit-od-bate-strezo-i-stefche-02.jpg

За искуството од снимањето раскажува Стефан Николовски:

Како ти се случи ТВ Такси 28?

Навистина е интересно како коцките се наредија без план или барем не по планот што беше зададен од старт. Најважно е дека од самиот почеток кликнавме како тандем со Стрезо. Токму таа енергија помеѓу мене и бате Стрезо беше клучниот момент за да ни се случи ТВ Такси 28.

leten-taksi-hit-od-bate-strezo-i-stefche-03.jpg

Колку еден ваков играно-едукативен и информативен серијал е предизвик за  млад актер?

Проектот ми е предизвик затоа што сакам мојата генерација, покрај тоа што ќе се насмее, во исто време и да се информира! Концептот на „играно-информативна серија” многу ми помага во остварувањето на мојата цел со овој проект. Секој млад човек ќе пушти ТВ Такси 28 за да не гледа мене и Стрезо и да се насмее, а паралелно со тоа и ќе се информира.

Каква е твојата улога во серијата?

Па, многумина мислат дека јас и Стрезо се играме самите, поради фактот дека имињата на ликовите се исти како нашите и градовите од кои што доаѓаме. Меѓутоа тоа не е така. Овој „Стефче” од ТВ Такси 28 е всушност дипломиран историчар, со многу дигитално знаење. Улогата ми е да дадам некој вид баланс. Ликот на Стефче не може без ликот на Стрезо и обратно.Тие два лика го комплетираат оној генерациски баланс.

leten-taksi-hit-od-bate-strezo-i-stefche-06.jpg

Колку се држиш до сценариото или повеќе е импровизација? Природно ли ти доаѓаат репликите со гостите, а особено со Стрезо со кој имате специфична комуникација во серијата?

Дефинитивно, онаму каде што има простор има и многу импровизација. Има некои сцени каде што само сме ги зеле клучните реплики, а се останато е импровизација. Тоа доаѓа природно кога ти е погодена екипата, има убава енергија и атмосферата е совршена.

Како реагираат минувачите кога ќе го видат вашето такси и гледачите на серијата?

Најчесто му свират со автомобилите и мафтаат. За жал од надвор не можат да видат кој седи внатре во комбето, па најчесто се обидуваат да видат дали има некој од нас внатре. Гледачите, судејќи по популарноста на серијата на социјалните мрежи одлично о прифатија проектот. 

leten-taksi-hit-od-bate-strezo-i-stefche-04.jpg

Како е да се работи со Ана и Стрезо?

Екипата е најбитна за совршена атмосфера и успешен продукт. Без тим, нема реализација или има, но лоша. Навистина сме кликнати перфектно со Стрезо и Ана и мислам дека нашиот однос во самиот проект допрва ќе се отвара и ќе биде се поинтересен.

Кое е најнеочекуваното искуство од досегашното снимање?

Дефинитивно, искуството на аеродромот Стенковец. Ова треба да се види нема начин да се прераскаже ? Епизодата „кога сонот ќе стане јаве погледнете ја на YouTube каналотTVTaxi 28.

leten-taksi-hit-od-bate-strezo-i-stefche-05.jpg

И снимањето на рап песната кое што излезе сосема спонтано и непланирано. Во сценариото стоеше дека треба да изрецитираме нешто кратко, но мене ми се роди идеја дека тоа може да биде нешто кое што би ја запечатило првата сезона на ТВ Такси 28. Слушнете го летниот рап хит изведен од бате Стрезо и Стефче.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg