Природната светлина во домот – фактор за подобар квалитет на животот

prirodnata-svetlina-vo-domot-faktor-za-podobar-kvalitet-na-zhivotot-01.jpg

Сè поголемата присутност на „стаклените ѕидови“, односно големи застаклени површини во современите архитектонски трендови, не се должи само на естетика. Секако, естетиката игра огромна улога, но она што е уште поважно е овозможувањето на природната светлина да влезе во просторот. Природната светлина во домовите и деловните простори влегува преку прозорите, кои се значаен фактор за квалитетот на животот на секој од нас.

- Една од причините поради која архитектите сè почесто се одлучуваат за алуминиумски прозорски рамки е токму нивната можност со минималистички дизајн да држат големи застаклени површини преку кои ѝ се овозможува на природната светлина да навлезе во просторот. Всушност, природната светлина и сите придобивки од неа имаат значајно место и во современиот начин на домување, но и во работните простории. Освен тоа, алуминиумот е лесен, а цврст метал, и современите алуминиумски прозорски рамки буквално ги обединуваат најдобрите својства од естетски и од функционален аспект. Дополнително, ако се има предвид и енергетската ефикасност, изборот е јасен – вели Леополд Бундалески, консултант за клиенти од „Алумил“ Скопје, компанија која важи за производител на сертифицирани алуминиумски системи со врвен квалитет и перформанси.

Витамин Д и серотонин за ментално и физичко здравје

Зошто е важна природната светлина? Природната светлина е еден од клучните фактори за здравје, добросостојба и, воопшто, за подобар квалитет на животот. Многубројни истражувања покажале дека изложеноста на природна светлина позитивно влијае и врз менталното и физичкото здравје на луѓето.

Добро се познати позитивните ефекти врз луѓето што доаѓаат преку витаминот Д, кој се поврзува со добросостојбата на коските, како и со функционирањето на метаболизмот во организмот. Клучна улога во создавањето на витаминот Д игра изложеноста на сончева светлина.

Покрај тоа, сонцето го зголемува излачувањето на серотонинот, познат и како хормон на среќата, кој освен на расположението влијае и врз апетитот и меморијата на луѓето. Повисоките нивоа на серотонин во телото прават да се чувствуваме подобро. Од сето ова може да заклучиме дека природната светлина во голема мера влијае и врз намалување на стресот.

Дополнително, сончевата светлина во различен степен на изложеност е особено важна и за собните растенија, а кога се здрави и добро одржувани тие внесуваат чувство на мир и спокојство во просторот.

prirodnata-svetlina-vo-domot-faktor-za-podobar-kvalitet-na-zhivotot-02.jpg

Висока естетика и енергетска ефикасност

Кога зборуваме за уредување на просторот, природната светлина со сигурност ги истакнува ентериерот и неговата естетика. Големите застаклени површини, балконски врати со тенки рамки и, воопшто, избор на прозори кои дозволуваат природната светлина непречено да влезе во домот, можат да му додадат и висока естетска вредност на просторот и да ги нагласат деталите од ентериерот кои инаку би останале незабележливи.

Современите архитектонски трендови диктираат едноставен дизајн со минималистички конструкции што ѝ дозволуваат на светлината да се рашири и да се впие во просторот. На природна светлина и боите изгледаат многу подобро, особено ако зборуваме за боите на ѕидовите или на завесите.

- Широкиот избор на алуминиумски рамки во нашата палета е одговор за секој ентериер. Нашите дизајни ги следат современите архитектонски трендови, во кои присуството на природна светлина зазема значајно место. Секој што избира нови прозори, треба добро да се запознае со сите параметри што се важни за изборот и да избере перформанси што најмногу му одговараат. Во нашиот нов изложбен салон може да се погледнат изложените продукти кои се само дел од широкото портфолио, на самото место може да се провери функционалноста и, она што е многу значајно за нашите потрошувачи, тука добивате стручна помош од специјализиран консултант кој ќе ве води во изборот – вели Илија Никанчевски од „Алумил“.

Не треба да го заборавиме и еколошкиот елемент од равенката. Искористувањето на природната светлина, особено во зимските месеци, кога таа е редуцирана, води кон штедење енергија. Истовремено, енергетски ефикасните прозорски рамки на „Алумил“ не дозволуваат губење на топлинската енергија во зима и спречуваат топлината да влезе во просторот во лето.

prirodnata-svetlina-vo-domot-faktor-za-podobar-kvalitet-na-zhivotot-03.jpg

Светлина за работна атмосфера

Современиот начин на живот наложува да поминуваме долги часови во затворен работен простор. Поради тоа, императив за дизајнот на ентериерот и во деловниот простор е да се овозможи навлегување на природната светлина. Истражувањата покажуваат дека природната светлина на работното место го подобрува расположението на вработените и ја зголемува продуктивноста. Од друга страна, балансираната изложеност на сончева светлина се поврзува и со поквалитетен сон, па вработените што се изложени на неа се поодморени, а со тоа и поефикасни.

Што се однесува на отпечатокот врз околината, ефектите се гледаат веднаш. Според водичот на „Карбон траст“, на осветлување на деловниот простор отпаѓа значителен дел од трошоците на една компанија и сериозни заштеди се можни со соодветно искористување на дневната светлина.

Одржливиот начин на живот, заснован на вредностите за заштита на животната средина, со фокус на природата и човекот, како една од главните карактеристики ја има природната светлина и нејзиното вклучување во секој аспект од секојдневието. Новите податоци покажуваат дека интелигентното искористување на природната светлина носи позитивни ефекти и го подобрува квалитетот на животот. Затоа и изборот на нови прозори треба да се сфати како сериозна инвестиција. Тој избор за сè поголем број архитекти и потрошувачи почнува и завршува во „Алумил“.

prirodnata-svetlina-vo-domot-faktor-za-podobar-kvalitet-na-zhivotot-04.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg