Виталиа ќе ги претстави новите протеински барови со забава на Водно

Денес на Милениумски Крст, Водно, во склоп на настанот “И јас сум на Водно” Виталиа ќе ги претстави новите, иновативни протеински барови каде што секој од присутните ќе има можност да ги проба и дознае повеќе за нивниот нутритивен состав.

vitalia-kje-gi-pretstavi-novite-proteinski-barovi-so-zabava-na-vodno-01.jpg

Настанот ќе се одржи во Планинарски Дом „Даре Џамбаз“, Водно, каде што компанијата учествуваше во реновирање на објектот.

Во рамки на реновирањето, беше обновен дел од внатрешноста, кој сега е рекреиран во музеј за планинарење, со изложба на планинарска опрема и фотографии од планинарски тури. Оваа иницијатива и доприносот на Виталиа има за цел да ја истакне и промовира важноста на планинарењето и активниот начин на живот. Овој сегмент од планинарскиот дом нуди автентично искуство за посетителите, кои отсега ќе имаат можност да се инспирираат од убавините на овој спорт пред да тргнат или откако ќе завршат со нивната искачувачка авантура.

„Возбудени сме што ќе ги претставиме нашите нови протеински барови на ваква живописна локација, опкружени со прекрасен поглед и свеж воздух, промовирајќи го здравиот живот, здравата храна и планинарењето како уникатна и исклучително исполнувачка физичка активност.

Со задоволство ги покануваме нашите следачи, драги потрошувачи и ентузијасти за здрава храна на оваа прослава. Се надеваме дека ќе ги инспирираме да се вклучат во патот кон здрав животен стил и да уживаат во неверојатната убавина од природата” – велат од компанијата.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg