Ноќна шопинг екстраваганција во East Gate Mall - мохито, латино музика и изненадувања!

За сите љубители на шопинг, забава и одлична музика, East Gate Mall на 22 јуни, четврток организира шопинг до полноќ.

nokna-shoping-ekstravagancija-vo-east-gate-mall-mohito-latino-muzika-i-iznenaduvanja-01.jpg

Трговскиот центар го продолжува своето работно време од вообичаено сѐ со цел посетителите да уживаат во забавата и поинакво шопинг искуство.

Late Night Shopping се организира петти пат по ред откако трговскиот центар ги отвори своите врати за посетителите во октомври 2021 година.

“Шопинг до полноќ не е само настан, туку е наша посветеност да го револуционизираме искуството на посетителите. Секогаш се трудиме и целиме да ги надминеме очекувањата на посетителите особено кога се работи за големи попусти и промоции од страна на компаниите кои се дел од портфолиото во центарот. Со продолженото работно време и дополнителната забава сакаме да го промениме вообичаеното искуство на шопинг и да создадеме една уникатна забава која секоја година е со различни концепти.” – велат од менаџментот на трговскиот центар.

Придружете ни се во четвтрок, 22 јуни на шопинг до полноќ како никогаш досега со попусти и промоциите во целиот трговски центар, мохито забава, латино музика и изненадувања! Сите информации за попустите може да се погледнат на веб страницата на трговскиот центар: eastgatemall.mk

East Gate Mall е најголемиот и најмодерниот трговски центар во нашата земја и еден од најголемите центри во регионот каде на едно место може да се најдат најголемите интернационални и домашни брендови. Со повеќе од 250 брендови на 160.000 м2, центарот е уникатно искуство за секој посетител.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg