Лето на радоста: славење на младоста, музиката и слободата

Летото со себе носи чувство на слобода, авантура и можност за создавање трајни спомени. За младите, музичките фестивали се дел од нивните летни ритуали, каде што можат да бидат  со своите врсници и да ја прослават радоста да се биде жив.

leto-na-radosta-slavenje-na-mladosta-muzikata-i-slobodata.jpg

Дојче Телеком верува во универзалното право да се ужива во младоста и затоа се поврзува со повеќе музички фестивали во рамките на кампањата „Лето на радоста” којашто вклучува ексклузивни свирки со мала публика, поп-ап настани организирани од Electronic Beats и шанса да се освојат билети за некои од најдобрите европски фестивали како, на пример, Colours of Ostrava, Electric Castle/Cluj-Napoca, INOTA Festival/Lake Balaton и нашите Ohrid Calling и D Festival.

Македонски Телеком е дел од оваа летна авантура со Ohrid Calling и D-Festival во Македонија. Добро познатиот Ohrid Calling, со години наназад ги маѓепсува музичките ентузијасти од земјава и регионот со својата етерична атмосфера, а годинава и  со екстра Telekom Electronic Beats настан и неверојатната Амели Ленс.  D Festival, во Дојран,   ќе изобилува со интересни изведби од млади, локални талентирани уметници на Telekom Electronic Beats stage. На Colours of Ostrava ќе преовладува амбиент на индустриското наследство на Чешка каде ќе се обединат различни музички жанрови и уметнички инсталации. Electric Castle/Cluj-Napoca се одржува во Романија каде што историската архитектура беспрекорно се спојува со футуристичките звуци.

Музиката има извонредна способност да ги надмине границите, јазикот и возраста, поврзувајќи ги луѓето од различни сфери на животот. „Лето на радоста“ е кампања што ја слави обединувачката моќ на музиката и ги повикува младите слободно да ја изразат својата индивидуалност и да се поврзат меѓу себе, да формираат нови пријателства, да ги споделат своите соништа и да искусат колективна радост.

Овие музички фестивали обезбедуваат незаборавни искуства и безгрижност за младите коишто, во денешниот свет на зголемени економски, еколошки, образовни и општествени притисоци, имаат многу грижи.

Со прославата на универзалното право на младост и моќта на музиката ќе биде обележан почетокот на едно автентично лето што обединува.

За да дознаете повеќе за „Лето на радоста“ на Дојче Телеком и да побарате пристап до бесплатните музички искуства, посетете ја страницата: summerofjoy.electronicbeats.net.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg